Македонија

Видео пораката од Сиљановски за Јанчев стана вирална, среќа што кавадаречкиот градоначалник е еден од најдобрите во Македонија

Среќа Јанчев е еден од попопуларните и ова видео нема да се одрази на неговиот рејтинг и неговата кандидатура за Градоначаник на Кавадарци.

Видео пораката на пејачот Спасен Сиљановски преку која му одговори на градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев стана вирална. Јанчев преходно го обвини Сиљановски дека шири популизам кога се буни зошто повеќе македонски музичари не се поканети да настапат на манифестацијата ,,Тиквешки гроздобер”.

Среќа за градночаникот е што тој е еден од попопуларните и ова видео нема да се одрази на неговиот рејтинг и неговата кандидатура за градоначаник на Кавадарци.

Mитко Јанчев е познат по својата активна улога во развојот на Кавадарци, продолжува да ужива поддршка од граѓаните поради неговите проекти за подобрување на инфраструктурата и промоција на локалната економија. И покрај контроверзиите поврзани со видеото на Сиљановски, Јанчев останува фокусиран на своите обврски како градоначалник и на подготовките за претстојниот „Тиквешки гроздобер“, кој е значаен настан за регионот.

Досега видеото што стана вирално го видео повеќе од 318 илјади луѓе и собра повеќе од 8.200 лајкови . Што го прави едно од погледаните во последниве години.

Како се одвиваше целата кавга може да погледнете на линковите подоле

Изведувачот на народна музика доби поддршка од рок македонската легенда – на овој ЛИНК

Поврзана вест на овој ЛИНК

Што претходно си кажаа Јанчев и Сиљановски на овој ЛИНК

Најавата на Сиљановски на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

Денеска, на 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top