Македонија

(Видео): Премиерот најави можно намалување на ДДВ за горивата

Премиерот Христијан Мицкоски најави можно намалување на ДДВ за горивата, откако нивните цени во изминатиов период повторно значително се зголемија.

Можно е намалување на ДДВ за горивата ако има потреба, рече премиерот, според кого кризата на Блискиот Исток може да потрае уште неколку години. Затоа, вели, Владата има план и стратегија да го амортизира ударот. Премиерот останува на ставот дека земјава има најниски цени на горивата во регионот. Мицкоски рече дека внимателно преземаат чекори за да не се наруши макроекономската стабилност во државата.

Премиерот останува на ставот дека земјава има најниски цени на горивата во регионот.

  • „Дизел-горивото во Македонија е за половина денар по литар поевтино од тоа во Албанија, за 35 центи поевтино од тоа во Србија и од 30 до 50 центи по литар поевтино од сите држави во регионот – Грција, Хрватска Словенија, БиХ, Црна Гора, без разлика дали станува збор за безоловниот бензин или за дизелот“, изјави Мицкоски.

Освен нашите, вели Мицкоски, на бензинските пумпи во земјава гориво точат и граѓани од соседството.

  • „Имаме доволно за да опслужиме поголем конзум на нафта и нафтени деривати до 50-60 проценти од времето пред кризата. И не воведовме забрана. Неколку аеродроми во регионот се снабдуваат со реекспорт од Македонија. Така што, бидете спокојни“, рече премиерот.

Според последната одлука на Регулаторна, од неделава литар дизел се продава за 101,5 денари за литар. Поскапувањето, критикува опозицијата, дополнително ќе ги зголеми трошоците за производство и транспорт, а со тоа и притисокот врз цените на храната, обвинувајќи ја Владата дека нема мерки за заштита на стандардот. Наспроти најавите и црните сценарија на опозицијата, инфлацијата од 16% во нивно време падна на 2,3%, а јавниот и државниот долг се намалуваат, потсетија од Владата.

Инаку, пензиите од септември ќе се зголемуваат согласно законското усогласување, велат од Владата. Како што кажа премиерот, таквата одлука се носи со цел заштита на пензионерите и нивните пензии, оти при претходните линеарни покачувања беа поднесени иницијативи до Уставниот суд за нивно укинување од страна на поединци, поттикнати од опозициските партии. Затоа, според премиерот, натамошниот раст ќе оди исклучиво преку редовно нивелирање согласно Законот.

 

 

Најнови вести од: Македонија

По 20 години нова биста на народниот херој Стив Наумов пред студентскиот дом во Скопје, кој го носи неговото име

Еден месец по отворањето на темелно реновираните објекти, во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда поставена е и биста на народниот херој по кого е именуван домот, речиси две децении откога е украдена претходната. Бистата официјално беше откриена денеска во присуство на претставници од Сојузот на борци од НОВ, кои положија цвеќе пред споменикот на Стефан Стив Наумов (1920 – 1942), роден на денешен ден пред 106 години.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Средбата со младите правници е дел од серијата разговори што тие ги иницираа со личности кои учествувале во создавањето, толкувањето и изучувањето на Уставот

To top