Македонија

(Видео): ССМ притиска, премиерот обвинува за политиканство, СДСМ ги поддржува протестите за повисоки плати

Блокирано Собрание – разбранувани работници. Малите плати повторно ги извадија синдикатите и работниците на улица. Премиерот Христијан Мицкоски гледа политичка заднина во протестите.

ССМ два часа го блокираше Собранието со порака: „Добро утро на сите, освен на пратениците“. Протестот е прв од трите најавени блокади на институциите, со кои синдикатот врши притисок да се прифатат барањата за покачување на минималната плата и подобрување на работничките права.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека повторно ќе го поднесат предлог-законот за минимална плата од 600 евра и дека државата има пари да го издржи тоа, но ги троши на комоција и „луксузирање“ на власта. Филипче оцени дека стандардот на работниците е влошен, дека цените растат без раст на платите и дека синдикалната кошничка надминала 66.000 денари.

Филипче тврди дека барањето за 600 евра минимална плата е во линија со протестните пораки на синдикатите и дека законот се поднесува откако претходно, бил одбиен кон крајот на 2024 година.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, останува на ставот дека протестите организирани од ССМ се политички инструирани. Тој кажа и дека Владата како најголем работодавач си ги регулирала своите обврски, алудирајќи на постигнатиот договор за раст на платите во администрацијата.

Тој посочи дека еден од тие што протестирале, пред некој ден заедно со него држел прес-конференција и посочил дека е постигнат историски договор. Станува збор за околу 11.000 административци кои не беа покриени со гранков договор и за нив се договори постепено зголемување на платите до 2028 година за 40%.

Денешниот протест, пак беше за зголемување на минималната отплата и на сите други плати соодветно.

 

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Стојанче Јовановски, сопругот на починатата, која се фрли со ќерката од зградата, имал обемно криминално досие

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција истакна дека Стојанче Јовановски по вчерашниот настан е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело, по што ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Сиљановска Давкова – Руте: Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западниот Балкан

„Денешните сложени безбедносни околности бараат будност, подготвеност, јакнење на активностите на инструментите за рано предупредување и посилни и одржливи инвестиции во одбранбените капацитети. Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на целиот регион, нагласија на заедничката прес-конференција претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на македонската држава.

„Самсунг“(„Samsung“) го унапредува Galaxy AI и поврзаниот екосистем на Светскиот конгрес за Мобилни технологии 2026

Надоврзувајќи се на моментумот од Galaxy Unpacked настанот, „Самсунг“ („Samsung“) ја претставува серијата Galaxy S26 и својата визија за агентска вештачка интелигенција, со подлабоки еко-системски искуства низ Galaxy S серијата и уредите за носење

Тошковски: Пред падот од балкон интервенирала полиција, но жртвата негирала дека била тепана(ВИДЕО)

Трагедијата во скопската населба Карпош, каде животот го загубија жена и нејзиното малолетно дете по пад од балкон на висококатница, предизвика голем шок во јавноста. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска даде детали за случајот и за постапките на полицијата.

Најнови вести

To top