Македонија

(Видео): Универзитетите со најдобри резултати ќе добијат најмногу пари од буџетот, рече Јаневска

Претходниот закон за високо образование беше многу лош, ова го кажувам каде дел од академската фела, а не како министер, вели Јаневска. Таа рече дека Законот за високо образование, Законот за квалитет во високо образование и науката и Законот за научно истражување во ист момент ќе одат во собранието бидејќи се поврзани.

Универзитетите што ќе покажат најдобри резултати ќе добијат најмногу средства од државниот буџет, најавува министерката за образование и наука Весна Јаневска.

  • Ќе се обидеме заедно со групата со која работиме да најдеме начин универзитетите да добијат развојна компонента. Оние што ќе имаат најдобри резултати да добијат поголем буџет за разлика од оние кои нем ада покажуават резултаи да добијат помал буџет годишно што го дава државата. Ќе се потрудиме да обезбедиме соодветен кадар според систематизацијата на факултетите, универизтетите, ќе ја зајакнеме контролата во приватните универзитети за кои сме свесни дека не продуцираат квалитетн када, ќе ги зголемиме студентските права, изборите на раководните функции во универзитетите ги демократизраме, рече вечерва Јаневска, во интервју на ТВ Телма.

Таа најави дека Министерството за образование наскоро ќе објави нова драфт верзија на концепцијата во гимназиското образование, во насока на негово прилагодување со соверемните текови во општеството.

  • Ќе имаме нова концепција за гимназиското образование, многу бргу ќе понудиме нова драфт верзија и ќе ја ставиме на дискусија. Ако не биде до крај на годинава тоа ќе биде во јануари, рече Јаневска Истакна дека концептот треба да биде прифатен од мнозинството чинители во образованието за да се применува.

Претходниот закон за високо образование беше многу лош, ова го кажувам каде дел од академската фела, а не како министер, вели Јаневска.

Таа во вечерашната Топ Тема рече дека Законот за високо образование, Законот за квалитет во високо образование и науката и Законот за научно истражување во ист момент ќе одат во собранието бидејќи се поврзани.

  • Ќе има многу промени во овој закон, прво ќе поминеме на модуларни студиски програми и нема да имаме повеќе 1.400 студиски програми и факултети со одредени програми на кои се запишуваат двајца студенти. Една од мерките за покачување на квалитетот и за покачување погоре на Шангајската листа е заострување на критериумите за избор во звања од асистент до редовен професор со еден реизбор на редовните професори, што е новина, потоа зајакнати критериуми, повеќе трудови и повеќе импакт фактор, истакна министерката.
  • Другите значајни новини ги кажувам ексклузивно за првпат кај вас – ќе се обидеме заедно со групата со којашто работиме да добијат Универзитетите една развојна компонента, оние кои ќе имаат најдобри резултати во неколку столбови од нивната поставеност да добијат поголем буџет за разлика од оние кои покажуваат помалку резултати да добијат помал буџет годишно од државата. Ќе се потрудиме да обезбедиме квалитетен кадар според систематизација на универзитетите. Ќе ја зајакнеме контролата во приватните факултети за кои што сме свесни дека продуцираат неквалитетен кадар. Малку ќе ги зголемиме и студентските права, го подржуваме и студентското организирање. Изборите на раководните функции на факултети ги демократизираме на многу едноставен начин по примерот на демократските земји, наброја Јаневска дел од новините во законот за високо образование.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top