Македонија

(Видео): Ужичко оро среде граница – новиот систем за патување го зголеми метежот кон јужниот сосед

Ужичко оро на македонско-грчката граница. Новиот систем за патување наместо да ги намали, го зголеми метежот на границата со јужниот сосед. Чекањето со часови не им претставувало проблем на 14.000 наши државјани кои отпатувале на продолжен викенд – велат туристичките работници. Иако, првичната цел на системот беше да се зајакне контролата за денови на престој, сепак на враќање не се вршело скенирање.

Километарски колони се создадоа вчера на граничниот премин Евзони, па некои од туристите од Србија го искористија времето на чекање за да играат оро. На видеото што се шири преку социјалните мрежи се слуша како ечи музика, луѓе се веселат и се фаќаат на орото, додека во позадина се гледаат колоните од возила и автобуси.

  • „Фолклорашите се враќаат од турнеја“, пишува еден граѓанин во коментар.
  • „Најдобар начин да се носите со тоа (чекањето) е со музика и играње. Се надевам наскоро ќе заврши ова патешествие на Евзони“, дополни друг.
  • „Па, кога се чека по 10 часови на граница, подобро е да играш“, напиша трет.

По изминатиот продолжен викенд, вчера во попладневните и вечерни часови, илјадници туристи враќајќи се кон дома, предизвикале долги колони возила. Според информации и сведоштва на патници објавени на социјалните мрежи, најголеми гужви биле регистрирани токму на преминот Евзони-Богородица, каде чекањето достигнало меѓу 3-5 часови, при што сообраќајот се одвивал особено бавно, а колоните возила биле километарски.

Надлежните преговараат со земјите од Западен Балкан за изземање на нашите патници од новиот системот за патување во период на зголемена фреквенција и на техничко и на највисоко ниво, но сè уште нема одговор. Постои подготвеност кај земји членки на ЕУ да покажат флексибилност кон регионот.

Покрај Евзони-Богородица, метеж имало и на граничниот премин Дојран, каде чекањето било околу еден час. За Грција, покрај македонските туристи, традиционално значително присуство имаат и српските патници.

Како една од причините за застојот се наведува и примената на новиот европски систем за влез и излез (ЕЕС), кој воведува дополнителни проверки и биометриска регистрација на патниците, што го забавува граничниот проток.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top