„Македонија е во многу подобра состојба од пред три години, ги исполнува своите обврски кон НАТО и цврсто стои зад стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави“, изјави премиерот Христијан Мицкоски во разговор за Атлантскиот совет во Вашингтон. Мицкоски посочи дека земјата е меѓу сојузниците во НАТО кои предничат во исполнувањето на целите за одбранбените расходи, со план тие да достигнат 3,5 проценти од БДП до 2035 година. Одговарајќи на прашање од онлајн публиката за неговите ставови околу промената на уставното име и околу продолжувањето на разговорите со Бугарија, Мицкоски рече дека земјата „не може да се изолира и мора да комуницира, вклучително и за тешките прашања“.
- „Не сме сами во светот. За жал, во овој мултилатерален свет, а ние сме демократско општество – мораме да разговараме. Мораме да комуницираме“, рече премиерот.
Според Мицкоски, повлекувањето од преговорите би испратило погрешна порака и би значело изолација на земјата.
- „Вистинските патриоти се борат и победуваат во битките, а не се предаваат и не се повлекуваат од нив. Тоа е менталитетот и карактерот на оваа влада: да се бори и да победува во битките“, рече премиерот, без да ја образложи тактиката со која планиеа да им пристапи на „битките“.
https://youtu.be/byuGqlHXV6E?t=3