Македонија Бизнис

(Видео): Законот за минималец од 500 евра повторно во Собранието

Економските податоци се поразителни, инфлацијата изнесува 4,8%, што значи дека граѓаните денес имаат помалку пари во џебовите и живеат потешко, вели опозицијата и додава дека цените растат, платите стагнираат, стандардот опаѓа.

Економските податоци се поразителни, инфлацијата изнесува 4,8%, што значи дека граѓаните денес имаат помалку пари во џебовите и живеат потешко, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава: Цените растат, платите стагнираат, стандардот опаѓа. Секој ден граѓаните гледаат и чувствуваат на своја кожа како не може да го подобрат животниот стандард. Младите, пензионерите, работниците, земјоделците сите се борат со високи цени, ниски плати и неизвесна иднина.

Затоа, СДСМ јавно ја изразува својата целосна поддршка на Синдикатите за зголемување на минималната плата на 500 евра! Ова не е само барање на работниците, ова е неопходно, ова е мерка која ќе им го олесни тешкиот живот на многу македонски семејства. Веќе еднаш СДСМ ги поднесе законските измени за поголема минимална плата, за покачување на сите плати, но ВМРО-ДПМНЕ ги одби.

Ние нема да се откажеме. СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минималната плата од 500 евра. За достоинствен живот и за фер плати. Ќе видиме кој ќе гласа „ЗА“ народот, а кој повторно ќе го сврти грбот на народот. СДСМ е и ќе остане гласот на работниците, на сите граѓани. СДСМ ги слушаше и почитуваше работниците, и сега е така. Нашата борба продолжува, за 500 евра минимална плата, за зголемување на платите во сите сектори и за достоинствен живот.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

Наставник (52) од Средното уметничко училиште во Скопје барал од 18-годишна ученичка да имаат сексуални односи – Полицијата го уапси!

СВР Скопје објави дека е уапсен наставник од средно училиште во Скопје поради вознемирување на 18-годишна ученичка од која барал да имаат сексуални односи. Станува збор за наставник од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кого ученички го пријавиле кај директорот. Потоа бил суспендиран и била поднесена пријава против него во полиција.

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација.

Стојкоски: На повеќе од 30 бензински пумпи имало прекин во точењето гориво, но продолжија, по дополна на резервоарите

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денес информираше дека над 300 инспекциски контроли се извршени на бензинските пумпи во државата за да се провери дали се точело гориво под пазарни принципи по одлуката за зголемување на цените од полноќ.

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот и доволни количини

Премиерот за утре најави средба со дистрибутерите и ќе побара од нив да не го користат притисокот на цената на горивото за да се зголемат веднаш  цените на прехранбените производи и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошничка на граѓаните

Најнови вести

To top