Македонија

Вкупно 73 лица побарале помош вчера во Гостивар

Во јавните здравствени установи во Гостивар во текот на вчерашниот ден лекарска помош побарале вкупно 73 пациенти.

Во јавните здравствени установи во Гостивар во текот на вчерашниот ден лекарска помош побарале вкупно 73 пациенти.

Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар биле извршени 45 нови прегледи. Од нив, 26 пациенти биле прегледани на Инфективното одделение, при што двајца биле задржани на болничко лекување, а 18 прегледи се реализирани на Одделението за педијатрија.

Во моментот на Инфективното одделение се хоспитализирани двајца пациенти, додека уште двајца се наоѓаат на лекување на Одделението за педијатрија.

Во меѓувреме, во дежурната служба на Здравствениот дом Гостивар се регистрирани уште 28 нови прегледи. Здравствените власти продолжуваат да ја следат состојбата и апелираат граѓаните навремено да побараат медицинска помош доколку почувствуваат симптоми, информираат од Министерството за здравство.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top