Македонија

Владата основа Национален комитет за безбедност на новинарите (ВИДЕО)

Заштитата вклучува итна реакција и правна поддршка

Владата на денешната седница донела одлука за формирање Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите. Комитетот ќе ја следи состојбата со безбедноста на медиумските работници и ќе изработи Национален акциски план најдоцна до 15 декември 2026 година, соопшти владината портпаролка Марија Митева.

Според Митева, со оваа одлука се воспоставува механизам за координација меѓу надлежните државни институции и медиумските организации, со цел спречување закани и напади врз новинарите и обезбедување услови за непречено извршување на нивната работа.

„Безбедноста на новинарите не смее да биде тема само доколку се случи инцидент, обврската на институциите е да дејствуваат навремено, да ги препознаваат ризиците и да обезбедат соодветна заштита“, изјави Митева.

Националниот акциски план ќе опфати четири области: превенција, заштита, ефикасно гонење на сторителите и промоција и едукација.

Во делот на превенцијата акцентот ќе биде ставен на медиумскиот плурализам и дијалогот со медиумите, додека заштитата ќе опфати механизми за итна реакција, полициска и правна поддршка, вклучително и заштита од закани во дигиталниот простор.

Планот ќе предвиди и подобра соработка со надлежните органи за навремени истраги и санкционирање на сторителите, како и обуки и активности за подигање на јавната свест за значењето на новинарската професија.

Во Комитетот е предвидено да учествуваат претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за дигитална трансформација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Академијата за судии и јавни обвинители, Македонската радио-телевизија и Здружението на новинарите на Македонија.

Комитетот ќе ја поддржи и националната примена на кампањата „Новинарите се важни“ на Советот на Европа.

Митева порача дека институционалната заштита мора да биде еднаква за сите новинари, без селективност, и нагласи дека власта има право да одговори на критиките, но тоа треба да го прави со факти и транспарентност, а не со притисоци.

„Вие имате право да прашувате, ние имаме обврска да одговараме. Вие имате право да ја преиспитувате работата на институциите, ние имаме обврска да ја образложиме“, им порача Митева на новинарите.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

To top