Македонија

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува стабилна, независно од одлуката на Арбен Таравари, вели Митева

Владата останува стабилна и цврсто посветена на реформскиот курс, изјави Марија Митева, портпаролка на Владата и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа. Митева зборуваше за ситуацијата околу излегувањето на Арбен Таравари од Владата и нагласи дека оваа Влада нема намера да учествува во политички калкулации […]

Владата останува стабилна и цврсто посветена на реформскиот курс, изјави Марија Митева, портпаролка на Владата и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа. Митева зборуваше за ситуацијата околу излегувањето на Арбен Таравари од Владата и нагласи дека оваа Влада нема намера да учествува во политички калкулации и заткулисни игри.

Ние ќе одиме на принцип на програмска определба, а не на бројки и валути. Во минатото владееја калкулации, сега тоа е завршено. Кој не се согласува со принципите на Владата, едноставно не е добредојден – изјави Митева.

Таа нагласи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува стабилна и цврста, независно од одлуката на Арбен Таравари да се повлече од министерската функција и од Владата.

– Вие сте биле добредојден партнер додека сте се согласувале со принципите. Ако решите да отстапите од нив, вие веќе не сте дел од Владата. Тие го избраа патот на неуспехот, а ние продолжуваме по патот на реформите – додаде таа.

Митева се осврна и на ситуацијата во Собранието, каде веќе постои пратеничка група на Вреди со сопствен координатор, а посочи и дека од Алијанса за Албанците нема масовни оставки.

– Ако идејата навистина беше поддржана, оставките ќе беа поднесени уште следниот ден. Денови поминаа, а тоа не се случи – рече таа.

Според неа, обидот на поранешниот партнер во Владата е осуден на неуспех.

– Граѓаните се мудри и знаат да проценат. Тие ќе ја дадат поддршката на оние кои што ги реализираат реформите, не на оние кои само зборуваат за нив – заклучи Митева.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top