Македонија

Владејачкото мнозинство се зголемува, вицепремиерот за добро владеење ќе нема ресор

Претседателот на Владата

Реконструкцијата што ја правам како мандатар на Владата на половина од мандатот, всушност значи нова енергија, вели премиерот Христијан Мицкоски.

– Јас веќе го коментирав принципот на оваа реконструкција, не секогаш треба да менуваме затоа што имаме помала испорака од очекуваната, но исто така секогаш можеме да бидеме подобри од тоа што сме. Тука немам никаква дилема. Понекогаш имаме и промена на приоритетите во рамките на самата коалициона влада и мислам дека оваа реконструкција е комбинација од сите овие столбови за кои што зборувам. Пред членовите на ИК ќе го образложам предлогот со кој што би излегол во парламент, бидејќи таква е процедурата и праксата, како мандатар најпрво да се добие поддршка од страна на ИК на партијата за предлогот, а потоа да излезам пред пратениците да го браниме – рече Мицкоски во гостување на Телма.

На прашањето кои ресори ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ, а кои ќе ги задржи, Мицкоски рече дека добиваат две министерства и тоа за здравство и за социјална политика, демографија и млади.

– Коалициониот партнер Вреди ќе ги добие ресорите култура и правда и Министерството за односи со заедниците. Министерството за земјоделство ќе оди во рацете на ЗНАМ, тие ќе добијат уште еден дополнителен заменик-министер откако ќе дојдат замениците на дневен ред, а тоа е веќе на есен од септември – рече Мицкоски.

Тој најави зголемување на владиното мнозинство со уште една партија од опозицијата, Турската Демократска Партија, која има пратеник во Собранието.

– Ќе ги информирам членовите на Извршниот комитет дека во полн ек се преговорите со Турската Демократска Партија да биде дел од владината коалиција, односно да бидам уште подиректен, да биде дел од коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ како најголем партнер во рамките во владината коалиција – нагласи премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека со приклучувањето на ТДП владиното мнозинство се зголемува со уште еден пратеник кој претходно беше во опозицијата во рамките на Европскиот фронт.

– Очекувам овие разговори да завршат успешно, разговараме за подолг период, за период којшто би завршил со завршувањето на локалните избори во 2029 година. Така што принципиелно на овој начин би се формирал новиот владин кабинет. Во прва фаза би имале некаде околу смени, во зависност како ќе се завршат преговорите со ТДП, така ќе имаме дополнително уште еден член во рамките на владината коалиција. Потпретседателот за добро владеење нема веќе да има како ресор во рамките на влада, туку тоа портфолио директно ќе биде под ингеренциите на претседателот на Владата – потенцираше премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред сам да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top