Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Чекориме кон победа на локалните избори, нашите 42 градоначалници покажаа дека може да се управува со општините без криминал

„Довербата од граѓаните е нашата сила!“ – порачува ВМРО ДПМНЕ.

„Сите 42 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека 4 години може да се управува европски со општините европски. ВМРО-ДПМНЕ за четири години локална власт покажа дека општините може да се управуваат без афери, без криминал, злоупотреба на народни пари. ВМРО ДПМНЕ сега чекори кон историска победа на локалните избори закажани за 19 октомври.“ – соопшти владејачката партија. 

Натаму во своето соопштение ВМРО ДПМНЕ истакнува: На крајот на четвртата година од претходните локални избори, кои се одржаа во 2021 година, 42 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека можат да управуваат со општините на европски начин. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ сериозно се подготвува за претстојните локални избори, закажани за 19 октомври. Целта е, како што вели и претседателот на партијата Христијан Мицкоски, да се постигне историски резултат, по кој уште посилно ќе се продолжи со работа на веќе започнатата реформска агенда.

Со историска победа само ќе продолжи периодот на реформи и обнова на сите локални самоуправи во Македонија, ќе продолжи периодот на креирање на дополнителна функционалност на општините. За досегашната реформска агенда кажуваат бројките на реализирани проекти. Во периодот од 4 години се изградија и се реконструираа улици и патишта во вкупна должина од повеќе од 770 километри, во што се вложени околу 100 милиони евра. Направени се нови водоводи со дрлжина од речиси 47 илјади метри, а канализации со должина од повеќе од 91 илјади метри.

Заради осовременување на општините, изградени се, или се во завршна фаза, се седум пазари од затворен тип како оној во Штип, Велес, Радовиш. Направени се инвестиции за најмладите, реконструирани и модернизирани се околу 400 училишта низ Македонија. Завршени се, или се во завршна фаза, околу 280 спортски игралишта и детски рекреативни терени. На голем број училишта се поставени фотоволтаици, а во голем број на општини обезбедена е бесплатна храна за децата од прво до петто одделение. Ова е се само дел од сработеното за четири години.

По историската победа, која се очекува оваа есен, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со уште посилно темпо на реализација на проекти, кои го подобруваат квалитетот на животот на секој граѓанин. Довербата од граѓаните е нашата сила.“ – порачува на крајот од своето соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top