Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Башановиќ бил посредник меѓу Заев и Ципрас?

Ова е првпат после долго време ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно да ги поврзе Башановиќ и Заев со конкретни обвинувања за посредништво во Преспанскиот договор, енергетски зделки и можни финансиски обврски, што најверојатно ќе ја заостри политичката реторика во периодот пред претстојните избори.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение остро го повика СДС да прекине со молчењето и транспарентно да одговори на низа сериозни прашања поврзани со улогата на нивниот актуелен ПР-шеф и поранешен близок соработник на Зоран Заев, Зоран Башановиќ.

Партијата бара отворени одговори на следните клучни точки:

  • Дали Башановиќ бил посредник во чувствителни политички договори, вклучително и комуникацијата меѓу Зоран Заев и тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас во процесот на промена на уставното име на државата?
  • Дали постојат врски на Башановиќ со бизнис-зделки во енергетскиот сектор и дали тој имал улога во доделувањето на значајни државни договори на одредени компании?
  • Дали компанијата „Зобек мининг гроуп“ на Бесар Колашинац добила најскапиот договор со ЕСМ токму поради поврзаноста со грчката концесионерска фирма „Лигниторихиа Ахлада“ (која го има рудникот Ахлада)?
  • Дали повторното ангажирање на Башановиќ во СДС е поврзано со некакви претходни финансиски обврски или долгови од времето на Заев?
  • Дали Венко Филипче самостојно ја води партијата или е само продолжена рака на старите центри на моќ и влијанија?

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека фактот што Башановиќ е долгогодишен близок соработник на Заев отвора сомнежи за континуитет на истите структури и интереси во рамките на СДС. „Јавноста има право да знае дали зад повторното враќање на Башановиќ стојат политички или финансиски мотиви“, се вели во соопштението.

Партијата заклучува дека молкот на СДС не е одговор и дека партијата има обврска пред граѓаните транспарентно да ги расчисти сите дилеми. „Граѓаните заслужуваат вистина, а не игнорирање на прашањата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е првпат после долго време ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно да ги поврзе Башановиќ и Заев со конкретни обвинувања за посредништво во Преспанскиот договор, енергетски зделки и можни финансиски обврски, што најверојатно ќе ја заостри политичката реторика во периодот пред претстојните избори.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

To top