Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома со затворени прозорци, а со градоначалникот на Центар Герасимовски се забавува на партиски концерти

„Дрската злоупотреба и обид за политизација на секоја трагедија уште еднаш ја потврдува вистината: некој намерно потпалува политички пожари, за да создаде хаос пред избори!“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ.

„Додека Венко Филипче преку општестцвените мрежи наводно драматично ги повикуваше граѓаните на Трубарево и пошироко во Скопје да седат затворени дома, да носат маски и да не излегуваат без потреба, неговиот сопартиец и градоначалник на Центар Горан Герасимовски во исто време организираше партиски концерти и ги канеше луѓето на забава среде град.“ – реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Натаму во своето соопштение ВМРО ДПМНЕ истакнува: Ова е врв на лицемерието на СДС: едно за народот, друго за нив. Граѓаните да седат дома и да се задушуваат во чад, а функционерите на СДС да се веселат на сцена, со музика и аплаузи. Таква дрскост и дволичност не памети Скопје. Филипче, кој како министер ја остави Македонија прва по смртност и загадување во Европа, денеска повторно држи лекции за здравје. А неговиот сопартиец Герасимовски, кој не успеа да реши ниту еден суштински проблем на Центар, наместо одговорност, нуди забави и концерти, додека градот гори.

Лицемерието е потполно: за граѓаните маски, затворени прозорци и страв, а за СДС бината, рефлекторите и аплаузите. Оваа дрска злоупотреба и обид за политизација на секоја трагедија уште еднаш ја потврдува вистината: некој намерно потпалува политички пожари, за да создаде хаос пред избори. – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение. 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top