Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче, чуварот на криминалите на Заев и специјалниот пратеник на Радев во Македонија, е супер упорен да одработи предавство во полза на Бугарија!

Со внимание ги проследивме прес-конференциите на СДС и настапите на Венко Филипче поврзани со ЕУ стремежите на Македонија. Сакаат да дадат некаква понуда, но не знаат како, сакаат нешто да кажат, но не знаат да се изразат. Прес-конференциите кои се одвиваат по принципот „сакам да кажам – не знам да речам“ се само одраз на површноста на специјалниот пратеник на Радев во Македонија Венко Филипче, реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче всушност ги брани позициите на Румен Радев во Македонија. Сѐ што бара Радев од Македонија, бара и Венко Филипче. Од друга страна, самиот дава некаква понуда за кохабитација, па потоа вели не сакам во оваа влада. А вистината е дека никој не го ни повика во Влада, ниту некој очекува нешто од Филипче кој во своето делување е киднапиран од Зоран Заев и Румен Радев.

Разбираме дека не е никако лесно со толку многу газди над Филипче, но нека се потрудат да избистрат единствен став кој ќе изгледа сериозно. Венко Филипче е чувар на бугарските ставови во Македонија и чувар на криминалите на Зоран Заев.

Се додека позициите се такви, Филипче ќе е добар пратеник, но не и добар лидер на опозицијата, порачува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

Заветот на Анте Поповски до Македонците да ги зачуваат Македонија и својот македонски јазик и неговите пораки до Европа

„Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и најголема духовна вредност. Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците. Тие, чија адреса е запишана во Библијата, кријат некоја тајна за иднината на светот: зашто тие се сеќавање на свеста, на вековите кои одминале. Оган – кој не згаснува.“ – има напишано за македонскиот јазик и народ великиот поет на македонската кауза Анте Поповски. Тој почина на денешен ден, на 1 октомври 2003 година. Оваа 23-та годишнина од неговата смрт е соодветен повод за ново навраќање кон творештвото на овој волшебник на македонската поетска реч и кон неговите вонвременски пораки, кои еднакво силно одекнуваат и денес

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

To top