Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Иако глумеа раскарани СДСМ и ДУИ пак заедно

Тоа се виде и пред неколку дена во македонското Собрание, кога паднаа маските, а СДС и ДУИ здружно застанаа зад Љупчо Коцевски

 

Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани и потврдува дека трагедијата ја користеле за политички поени:

, Да, тоа е и истиот оној Коцевски, главен јавен обвинител од кого СДС и ДУИ, наводно, не беа задоволни ,валат од владејачката партија, иако во одредени моменти се обидуваа да глумат раскарани, тие всушност биле во постојана комуникација и координација“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„И кога дојде ред во Собрание да му се изгласа недоверба на Коцевски, СДС и ДУИ му пуштија гума за спасување.

Негласањето на пратениците на СДС и ДУИ за интерпелацијата за Коцевски, ги фрла во вода сите нивни соопштенија и прес-конференции и ја потврдува тезата дека, за нив, Кочани било само тема за профитирање политички поени, медиумско внимание и нивно јавно појавување.

Глумењето незадоволство од истрагата, обвинувањата за селективност, хушкањето за трагедијата, очигледно не биле за правда.

После ова веќе нема да имаат кредибилитет јавно да прашуваат и да повикуваат на одговорност, зошто одговорите ги има Коцевски, кој по гласањето во Собрание, се виде дека е нивен.

Затоа и се држат за некако како за сламка за спас. Тие го спасуваат Коцевски и не гласаат за интерпелацијата против него, за тој да продолжи како и до сега, да ги спасува од кривична одговорност криминалците од СДС и ДУИ.

Сега на сите ни стана јасно, зошто и после година дена во опозиција ниту еден од СДС и ДУИ кои се огрешиле пред законите, и за дел од кои јавно објавивме и афери за сторени криминали и корупција, нема никакво обвинение или пак истрага“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тие сè уште се на слобода, без никаква постапка против нив, а Коцевски сè уште седи на столчето главен јавен обвинител.

Со тоа само дополнително се потврдува тезата дека СДС и ДУИ се сламката за спас на Коцевски, а Коцевски е сламката за спас и заштита на криминалите на Филипче, Заев и секако Али.

Коцевски без легитимитет веќе не може да биде јавен обвинител, затоа го повикуваме, наместо да се однесува како ништо да не се случило и да шета по истражни центри низ државата, да си поднесе неотповиклива оставка“ велат од владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top