Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Им го честитаме резултатот на СДС во Брвеница! – Им посакуваме уште многу вакви резултати во иднина со Филипче на чело!

„Поддршката која СДС ја доби од граѓаните на Брвеница е од досега невидени размери. Се согласуваме. На 4-то место се!“ – им порачува со иронија ВМРО ДПМНЕ на политичките ривали на „Бихаќка“ во Скопје.

Натаму владејачката партија истакнува: На какво дереџе дојде СДС со Венко Филипче: да се радуваат и на 4-то место, каде што од својот опонент ВМРО-ДПМНЕ губат со 4 спрема 1!

Но, сепак ние им честитаме за резултатот на СДС, и им посакуваме уште многу вакви победи во иднина, секако со Филипче на чело, напомнува ВНРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

To top