Македонија

ВМРО-ДПМНЕ избра уште шест кандидати за градоначалници

Кандидатите се избрани во транспарентен процес, а сите убедливо воделе и на сите внатрепартиски анкети и анализи

На синоќешната седница на Извршниот комитет, владејачката партија избра уште шест кандидати за градоначалници за претстојнитее локални избори, закажани за 19 октомври.

Ова се имињата за кандидатите за градоначалниците за уште шест општини:

За скопската општина Кисела Вода, кандидатка за градоначалничка е Бети Стаменковска-Трајковска, за Општина Кочани, партијата се определи за натпартискиот кандидат доктор Владко Грозданов, за Општина Старо Нагоричане, кандидат е Мирослав Славковски.

За Општина Дојран – Илија Тентов, е избран за кандиудат за Оштина Дојран, за Долнени, кандидат е Сашко Велјановски и за Општина Ранковце е Даниел Павловски.

Како што соопшти Марија Митева, членка на Извршниот комитет на партијата, кандидатите се избрани во транспарентен процес, а сите убедливо воделе и на сите внатрепартиски анкети и анализи.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

To top