Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата за обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата, во интерес на принципите, граѓаните и правдата, изјави денеска Никола Мицевски, пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. – Нема веќе простор за компромиси со неуспехот. Време е за одговорност. Сметаме дека дадената шанса за Љупчо Коцевски е веќе потрошена. Поддршката што тој ја доби […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата, во интерес на принципите, граѓаните и правдата, изјави денеска Никола Мицевски, пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

– Нема веќе простор за компромиси со неуспехот. Време е за одговорност. Сметаме дека дадената шанса за Љупчо Коцевски е веќе потрошена. Поддршката што тој ја доби не ја оправда. Наместо реформа и интегритет, добивме молк и сервилност кон власта што беше поразена од народот – рече Мицевски.

Тој нагласи дека без оглед на суштинските и сериозни разлики што постојат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица особено, како што рече, во однос на нивниот политички курс и соработката со СДСМ, нивната заложба за бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал останува цврста, доследна и недвосмислена.

– Таа борба не смее да зависи од политичките калкулации или од моменталните партнери во опозицијата или власта. Таа борба треба да биде водена од принципи и убедувања дека државата мора конечно да добие функционален, независен и храбар обвинителски систем, кој нема да молчи пред очигледен криминал, кој нема да трепери пред политички притисок, и кој нема да се претвори во соучесник на тие што ја поткопаа државата. Институциите, во соработка со обвинителството со години молчеа пред огромните скандали, голем дел предизвикани од врвот на СДС и ДУИ, што ѝ се добро познати на јавноста – додаде Мицевски.

На денешната собраниска седница на дневен ред е интерпелацијата на обвинителот Љупчо Коцевски, поднесена од Левица

Најнови вести од: Македонија

Израелската амбасадорка Аисен ги поздрави акциите на македонските власти за истрага на обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница

Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување

(Фото): CNN ја стави Македонија на туристичката мапа како атракција

Оценките на CNN доаѓаат во време кога туристите сè повеќе бараат автентични искуства надвор од стандардните европски рути, што дополнително ја позиционира Македонија како дестинација со голем потенцијал.

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

To top