Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Кога СДС говори за корупција нека си го исчисти прво дворот, полн со криминалци! – Македонија предводи со реформите во регионот!

Од Планот за раст за спроведени реформи 65,7 милиони евра се за Македонија и нејзината Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Натаму владејачката македонска партија наведува: Лидер во Реформската агенда за Западен Балкан е Македонија. Не Црна Гора која е предводник за влез во ЕУ, не Албанија за која исто така се вели дека е предводник, не Србија, Босна и Херцеговина или Косово. Туку Македонија е предводник.

Од 4 извештаи за Реформската агенда, Македонија 3 пати е на првото место во исполнување на реформите. Последен доказ за тоа се доделените 65,7 милиони евра за Македонија од Европската комисија за остварување на реформите. Ако не правите реформи нема да има пари. Со тоа што имаме најмногу добиено од цел регион, тезата на СДС пропаѓа во вода. А токму тоа им смета на СДС, кои не знаат како да се однесуваат кога некој во државата работи во интерес на граѓаните. Тие се навикнати на неработа, на крадење и на местење тендери, договори и анекси.

Кога говорат за корупцијата и криминалот, ги посочуваме да погледнат во својот двор. Имаат човек во Извршниот одбор кој е осуден на 8 месеци затвор, Филип Андов – Сокол. Поранешен потпретседател на СДС и дете на Заев, Стефан Богоев фатен со мито за местење тендер. Поранешен градоначалник на општина Свети Николе од редовите на СДС, добил кривична пријава за злоупотреба на службената положба. Поранешниот функционер на СДС, Васко Ковачевски, избеган во странство поради криминал. Модуларната болница во Тетово, поради 20% анекс на договор кој го потпишал Филипче се запали и изгореа 14 наши сограѓани.

Корупцијата и криминалот е во сржта на СДС, порачува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top