Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДСМ се на нивна штета

Додека надлежните институции и службите работат деноноќно за целосно надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата пракса, политиканство, манипулации и обид за собирање евтини политички поени врз грбот на граѓаните

„СДС и Филипче покажаа елементарно непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса.

Фактите се јасни. Контролата на квалитетот на водата е во надлежност на локалните институции. Во Гостивар локалната власт ја предводат кадри поддржани од СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот Валбон Лимани е нивен избор и нивна политичка одговорност.

Наместо да одговорат кој потфрлил таму каде што тие ја имаат локалната власт, СДС секојдневно пласира невистини и ја насочува јавноста кон погрешна адреса.

Додека надлежните институции и службите работат деноноќно за целосно надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата пракса, политиканство, манипулации и обид за собирање евтини политички поени врз грбот на граѓаните.

Затоа, ако навистина бараат одговорност, нека почнат од сопствените редови. Наместо прес-конференции со обвинувања, нека им објаснат на граѓаните што направиле и зошто дошло до оваа состојба.

Од владејачката партија истакнуваат дека институциите остануваат целосно посветени на решавање на проблемот.

„Веќе е обезбедена технички исправна вода за лична и домашна хигиена, а согласно проценките на надлежните служби, во најбрз можен рок се очекува да биде обезбедена и безбедна вода за пиење во Гостивар“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top