Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Левица како приватен банкомат на Апасиев

Раководството на Левица конечно си го откри сопственото лице.

„Раководството на Левица конечно си го откри сопственото лице. Партијата која инаку се самопрогласува за револуционерна сила, сега е јасно дека е сведена само на приватна сопственост на Апасиев и раководството на Левица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Апасиев со својата самобендисаност, ја претвори партијата во алатка за лична промоција. Освен што пишува статуси кои вриштат од суетност и се приказни за собирање дневно политички поени, правење збрки во јавноста не прави ништо друго. Така е и со раководството на партијата. Од 2021 година досега, Апасиев и Мециновиќ инкасирале во свој џеб повеќе од 1 милион денари од партиската каса. Јована Мојсоска примила околу 600.000 денари во истиот период, додека пак Крмов 270.000 денари, а Исмаил над 300.000 денари. Како се прави распределбата во Левица, дали постои некаков транспарентен критериум и како ова се вклопува во реториката на партијата?

Оттука, јасно е дека Левица воопшто не се занимаваат со вистинските проблеми на граѓаните, нивната политика е сведена да бројат кој пратеник колку земал за патни трошоци, кое инаку на пратениците им е законско загарантирано право. Во меѓувреме, додека полемичарат за патните трошоци, тие самите земаат стотици илјади денари од партиската каса. Партиска каса која инаку се полни од буџетот на државата, односно парите на граѓаните. Истите граѓани кои ги убедуваат да донираат за Левица.

Додека членството им верува, раководството ја користи партијата како банкомат. Комплетно се изгубија во сопствената хипокризија, која не само што го предаде сопственото членство, граѓаните, туку си ја предаде и сопствената идеологија. Како овие интелектуалци и борци за еднаквост ќе им објаснат на сопствените членови и гласачи, додека тие им веруваат и донираат раководството си дели стотици илјади денари. Дали Левица воопшто ги слуша граѓаните, или само постои за одржување на моќта на неколкумина?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top