Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ им смета покачувањето на пензиите

Разликата е огромна. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ за 18 месеци пензиите се зголемија за седум илјади денари, додека со СДС на власт пензиите пораснаа за 0 денари. Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конфренцијата на членто на СДС, Јованка Тренчевска. „На СДС и Јованка Тренчевска, како поранешна министерка за труд и социјална политика, им смета растот на […]

Разликата е огромна. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ за 18 месеци пензиите се зголемија за седум илјади денари, додека со СДС на власт пензиите пораснаа за 0 денари.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конфренцијата на членто на СДС, Јованка Тренчевска.

„На СДС и Јованка Тренчевска, како поранешна министерка за труд и социјална политика, им смета растот на пензиите на сите пензионери.

Откако за седум години власт СДС и Тренчевска пензионерите ги донесоа на раб на егзистенција, сега се против тие да го добијат заслуженото.

Уште се свежи сеќавањата како пензионерите низ цела држава протестираа со празни тегли, покажувајќи му на владата на СДС дека пензиите кои таа им ги дава не им стигаат, дури ни за зимница да си направат, а не пак да купат готова.

СДС и Тренчевска може да се противат колку сакаат, пензионерите со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го добијат заслуженото кое им беше ускратено изминатите седум години.

Пензионерите сега веќе имаат партнер во оваа Влада која ги слуша им ги решава проблемите, им го вреднува вложениот труд и прави се тие достоинствено да живеат во нивната трета доба.

За таа цел, само за 18 месеци пензиите на сите пензионери линеарно ќе се покачат за 7.000 денари.

За неполна година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, пензиите веќе се зголемија за пет илјади денари, а од септември и март следи друго покачување од по илјада денари.

СДС сега нега седи и нека гледа како растат пензиите.

Разликата е огромна. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ за 18 месеци пензиите се зголемија за седум илјади денари, додека со СДС на власт пензиите пораснаа за 0 денари.“

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Потпишан Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра и краен рок за завршување 31 мај 2027 година

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

To top