Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Промена во СДСМ – кога ќе си оди Филипче

Најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, Александар Трајановски

 

Само неговиот партиски другар Трајановски кој влезе во изборите знаејќи на самиот старт дека е губитник, прифати да биде потпретседател на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од најавите за нови кадри и реформи на Филипче не бидна ништо, тешко и дека ќе бидне, бидејќи следејќи ги настаните во партијата сè се врти по тоа како диктира Зоран Заев.

За СДС едно е јасно промени и реформи во партијата може да има само ако оставка даде Филипче.

Се додека сè се врти околу вилите, хотелите, јахтите,  забавите во Обединетите Арапски Емирати и Грција промени нема.

И самиот Трајановски е дел од оваа слика, или виден летово во Грција на луксузно минати викенди во јахти и вили заедно со Филипче и Заев.

Трајановски не е промена и реформа за СДС. Промена и реформа единствено е оставка на Филипче и тргање на партијата од диктатот на Заев.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top