Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Ахмети да му ги чува и да му ги препродава акциите на Давор Мацура!

Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: „Случајот Алта Банка е доказ за начинот на владеење на СДС И ДУИ предводени од Ахмети и кланот Заеви. Случајот Алта Банка е доказ и Дека државата и граѓаните на СДС и ДУИ не им биле важни а единствен интерес им биле бизнис шемите, нетранспарентните зделки, енормнто богатење на поединци преку ноќ како и провизиите и полнењето на сопствените џебови врз грбот на народот.

Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети. Фирмата на сватот на Ахмети добива 5 милиони евра кредит од Алта Банка Србија. Сега на секој граѓанин му е јасно зошто поранешните функционери на ДУИ Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби толку агресивно го туркаа влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски сектор. Контроверзниот српски тајкун Давор Мацура, кој сега е во притвор во Србија, ја презел контролата врз Стопанска банка Битола подоцна преименувана во Алта банка Македонија купувајќи ги акциите директно од семејната компанија на сватот на Али Ахмети.

Во октомври 2024 година, кичевската компанија „АС Сењак“ на Селаудин Арифи, сватот на Али Ахмети, нагло влегува во банкарскиот бизнис и купува значаен пакет акции во Стопанска банка Битола. Во јуни 2025 година, нивната поврзана фирма ги зема петте милиони евра кредит од „Алта банка“ во Белград. И само три месеци подоцна, на 17 септември 2025 година, во финалниот чин, компанијата „АС Сењак“ на сватот на Ахмети официјално му ги продава своите акции во битолската банка токму на Давор Мацура и неговата „Алта банка“, со што му овозможува директно преземање на банката во Македонија.

Во јуни, семејната бизнис-мрежа на Ахмети зема 5 милиони евра кредит од Мацура од Белград. За во септември, сватот на Ахмети преку „АС Сењак“ му ги продава акциите на истиот тој Мацура за да влезе во „Алта банка Македонија“ и инкасира милиони. Дали кредитот од 5 милиони евра и купувањето на акциите биле меѓусебно поврзани? Дали преку кредитирањето на фирма од бизнис-кругот на Ахмети, Мацура индиректно го финансирал сопственото влегување на македонскиот пазар?

Колку чинеле акциите и колкава финансиска добивка остварил продавачот? Филипче и СДС да престанат да сеат магла во јавноста и да кажат дали на 24 октомври 2023 година, кога Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница, знаеле за деловните релации со компанијата на сватот на Ахмети? Дали тогаш СДС и ДУИ имале сознанија за потеклото на капиталот на банката и евентуални сомнежи? Зошто молчеле за деловната соработка меѓу круговите на ДУИ, Давор Мацура и Алта банка?

Нема недопирливи! Секој сомнеж мора да биде проверен, а секоја утврдена незаконитост да биде санкционирана. ВМРО-ДПМНЕ бара транспарентност, институционална одговорност и целосно расчистување на случајот“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Денес „Танец“ со најпрепознатливите бисери на македонскиот фолклор на турнеја во Малта

Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ продолжува со својата меѓународна мисија за презентација и чување на македонското културно наследство. Денеска ансамблот ќе одржи целовечерен концерт во престижната сала„St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта – инфомираат од ансамблот.

Од денес возилата задолжително треба да имаат пропишана зимска опрема

Од денеска, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата, задолжително треба да ја поседуваат пропишаната зимска опрема. Зимски гуми се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), задолжителното поседување зимска опрема е согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

ШОКАНТНО: Бугарски истражувач открива дека Ива Михаилова е заложник на бугарската тајна служба (ВИДЕО)

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар Станислав Цанов, во кое се објавени аудиоразговори со Ива Михаилова со сериозни тврдења за закани и психичко малтретирање од бугарската тајна служба ДАНС.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82- годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина.

Филмот „17“ е номиниран за „Европско откритие“, што го доделува ФИПРЕСЦИ на Европските филмски награди

Филмот „17“, дебитантско долгометражно остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран за 39. Европски филмски награди во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ (European Discovery – Prix FIPRESCI).

Околу 40 илјади граѓани во Македонија имаат дијабетес без поставена дијагноза

Околу 135 илјади граѓани во Македонија живеат со дијабетес, од кои 4.000 имаат дијабетес тип 1. Дополнително, се проценува дека речиси 40 илјади лица ја имаат болеста, но сè уште немаат поставена дијагноза.

Ширум Франција и денеска се одржуваат протести на младите и на Движењето Жолти елеци

Ширум Франција и денеска се одржуваат протести на младите и на Движењето Жолти елеци за поголеми плати, зголемување на средствата за образование, како и за поголема заштита на децата и адолесцентите. – За денеска низ цела Франција се очекуваат од 50 до 60 собири, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез. Тој додаде дека […]

Вештачката интелигенција ќе има задача да ги открива нерегуларностите во јавните набавки

Една од позначајните новини е задолжителното користење на критериумот „најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот“ кај јавните набавки со повисока вредност. Со ова институциите нема автоматски да се водат само од најниската цена, туку ќе треба да ги земат предвид и квалитетот и другите карактеристики на понудите. Предвидено е институциите што планираат повеќе од три […]

Најнови вести

To top