Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога правиме реформи, СДСM со сите сили ги блокира

Ако СДСМ е за реформи во правосудството, зошто не ги поддржа интерпелациите за Љупчо Коцевски и за Судскиот совет

Ако СДСМ е за реформи во правосудството, зошто не ги поддржа интерпелациите за Љупчо Коцевски и за Судскиот совет, праша ВМРО-ДПМНЕ.

„Навистина е мачно да се гледаат СДС во нивната безидејност и дезориентираност. Ако се за реформи, зошто СДС не ја поддржаа смената на Љупчо Коцевски? СДС се за сѐ, само не се за реформи на правосудниот систем, затоа што и во судството и во обвинителството имаат свои луѓе кои ги штитат од одговорност за сторените криминали. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ прави реформи, СДС со сите сили ги блокира“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека освен што го штителе Коцевски во Собрание, пратениците на СДСМ не гласале ни за интерпелациите на членовите на Судскиот совет.

„За време на седумгодишното владеење на СДС и ДУИ, судии и обвинители се бираа во нивните партиски штабови во Струмица и во Зајас. Па, така, нивните избраници наместо за правдата и за народот, работат за кликата на СДС и ДУИ, а овие ги штитат од разрешување. Довербата од 2%, со последната пресуда условна казна, за случајот ‘Онкологија’, ја срози на нула. На судскиот систем, не само што му се потребни реформи на кои СДС се противи и ги блокира, туку тој е зрел за целосен ремонт“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ од друга страна го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека зборува за мачнина од судството, а не започнал ниту направил ниедна реформа.

„Откако е на власт, Мицкоски не донесе ниту еден реформски закон за судството. Неговиот неспособен министер за правда од ЗНАМ за цела една година не спроведе никаква промена. Наместо ветените промени, Мицкоски го претвори правосудството во партиска филијала – со судии сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери. Мицкоски дури и одби заедно со СДСМ да ги донесе неопходните реформски закони, со што јасно покажа дека нема никаква намера да спроведе реформи во судството“, обвини СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top