Тема: СДСМ и ДУИ

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

Министерство за транспорт: СДСМ и ДУИ ги уништија „Македонски железници“, Обвинителство да постапи по ревизорските извештаи

Јавните претпријатија „Македонски железници транспорт“ и „Mакедонски железници инфраструктура“ ги примиле двата Ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во Ревизорскиот извештај, кој е изготвен на барање на актуелните раководства во двете јавни претпријатија се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки, информираат од Министерството за транспорт.

Мицкоски: Итреците од СДСМ и ДУИ веќе имаа декларација во Собранието дека нема да ги прифаќаат ултиматумите од Софија, но сепак сѐ им прифатија!

„На граѓаните и на Македонија им треба јасна политика и јасна визија на борба со аргументи, стекнување пријатели. Ние, како влада, имаме иднина, која што е иднина на развој, на реформи на градба.“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

To top