Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод 8-ми Септември Денот на независноста

„ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Честитка по повод празникот 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија:

„ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

На овој историски ден пред 34 години, македонскиот народ ја донесе најважната одлука, самостојно и слободно да ја гради својата иднина во независна и суверена држава.

Денес оддаваме почит на храброста, единството и визијата на сите кои го трасираа патот на слободата и самостојноста.

Но, овој празник не е само потсетник на минатото, туку и обврска за иднината, да продолжиме со градење на силна и стабилна економија, со заштита на националниот идентитет и со создавање на услови младите да останат во својата татковина.

Со гордост денес го носиме македонското знаме и независноста ја градиме низ успесите што секојдневно ги постигнуваме, повисоки плати, нови работни места, инвестиции во домашната економија и подобар стандард за граѓаните.

Нека овој ден не потсети дека силата на народот е во единството, а напредокот е возможен само ако сме обединети со заеднички поглед кон иднината.

Да ја чуваме Македонија во нашите срца, во нашите дела и мисли, затоа што таа е наш дом, наш идентитет и нашата вечна татковина.

Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста!“

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top