Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со Филипче, СДСМ слави порази

Под водство на актуелниот лидер, СДСМ доживеал политички дебакл, посочувајќи дека партијата е четврта политичка сила во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

 

ВМРО-ДПМНЕ упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека се обидува да ги претстави изборните резултати во Брвеница како успех – иако, според владејачката партија, СДСМ завршил на четвртото место.

„Филипче и СДСМ се обидуваат да најдат утеха во освоеното четврто место. Поддршката за СДСМ падна на 5%, а сепак тие слават пораз од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница“, наведуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека, под водство на Филипче, СДСМ доживеал политички дебакл, посочувајќи дека партијата е четврта политичка сила во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

„Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните.

Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази.

На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди. Новиот Кривичен законик се подготвува по три децении, а заедно со новиот Закон за кривичната постапка треба да обезбеди поефикасна борба против […]

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Вреди: Ахмети со ДУИ „продаваше“ лажен патриотизам, а преку сватот зеде кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ во Белград”!

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

Богатства на македонската археологија: во античкиот град кај Исар–Марвинци пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за развојот, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Најнови вести

To top