Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во седумте години на власта на СДС беше мисловна именка да има учебници, а сега сите ученици ќе имаат учебници по сите предмети!

Реалноста е видлива, Македонија се преобразува. – нагласува ВМРО-ДПМНЕ.

По седум години власт предводена од СДС, сега на стартот на оваа учебна година секој ученик ќе има учебници. За седум години власт на СДС беше мисловна именка учениците да добијат учебници, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ истакнува: Најголем дел од учебниците веќе се и доставени во училиштата, или 90 проценти се доставени, останатите 10 проценти се доставуваат деновиве. И не само тоа, прашањето дали има нема учебници за учениците оваа година се затвора, веќе проблем со набавка на учебници и достава до учениците нема да има.

Учебници има за сите ученици во основно и средно образование. За средното стручно образование и минатата година имаше стотина печатени, оваа година има педесетина печатени нови наслови, а педесетина се достапни на веб-страниците. Решен и проблемот со учебници по странските јазици, кои се учат.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека со волја и макотрпна работа се постигнува се. Реалноста е видлива, Македонија се преобразува. – нагласува ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Додека Вашингтон и Москва разговараат за Украина, европските престолнини се обидуваат да најдат заеднички јазик. И самите земји членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во самата Унија се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

На 6 декември 2026 Ана и Игор Дурловски на најголем заеднички концерт досега во Македонија: Два светски гласа – еден ЗАВЕТ!

Ќе биде организиран најголемиот заеднички концерт досега во Македонија на двата најголеми оперски гласа кои оваа земја му ги подари на светот – Ана и Игор Дурловски! На 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, Ана и Игор Дурловски ќе ја претстават својата најамбициозна заедничка концертна продукција – ЗАВЕТ. Двајцата истакнати македонски оперски уметници, со меѓународни кариери и настапи на престижни светски сцени, ќе ја поведат публиката на несекојдневно музичко патување – од ремек-делата на класичната и оперската музика, преку незаборавните филмски теми и современите светски хитови, до богатството на македонското музичко наследство.

ВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети! – Тој треба да се повлече од политиката!

„Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ. По сите обиди ваквите информации да се сокријат од јавноста, фактите денес зборуваат сами за себе.“ – нагласува коалицијата Вреди во денешното соопштение.

To top