Македонија

ВМРО ДПМНЕ: За Филипче „Бугари во Устав“ е единствен проблем со Бугарија, но по тоа би уследила промена на сета историја на Македонија и негирање на македонскиот јазик!

„Само Венко Филипче, специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, слепо верува на неговите политики дека уставните измени се последната пречка за нашиот влез во ЕУ. Но, уставните измени не се последната пречка, ниту се последно барање на Бугарија.“ – реагира жестоко ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: На видео од 2019 година слушаме како сегашниот премиер на Бугарија, Румен Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија. Ова е од периодот кога Филипче и Заев се власт и секако немаа никаква осуда за овој говор на Радев.

Филипче мора да одговори, дали го има гледано ова обраќање на Радев и дали смета дека само Бугарите во Устав е проблемот, кој се наѕира?

Уставните измени се само првиот од многуте барања, кои ги имаат Бугарите, а се однесуваат на бугаризација на наши историски ликови како Гоце Делчев, Кирил и Методиј, Јане Сандански, негирање на идентитетски разлики, негирање на македонскиот јазик и култура, како и менување на целата историја на Македонија. – нагласува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top