Македонија

ВМРО-ДПМНЕ за шоферот на Јанушев: Да беше во време на СДСМ ќе беше тајна, а тие пари ќе легнеа кај некој од партијата

Според владејачката партија, низ овој и многу други примери се гледа дека има правна држава и дека владее законот за сите.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на критиките на СДСМ за случајот со приведениот вработен осомничен за обид за примање мито, оценувајќи дека институциите постапиле веднаш. Од партијата наведуваат дека осомничениот се обидел да земе мито, по што МВР спровело акција со обележани пари и против него била поведена постапка.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека ,,од СДС очигледно ги помешале лончињата“, па кога ќе се апсат митаџии и криминалци тие сакаат таа слика да ја претстават за сите.

  • Уапсениот вработен се обидел да земе мито, и веднаш бил обработен од МВР, дадени бележани пари и сега е зад решетки и се води постапка за него. Да беше во време на СДС немаше ништо од ова да се знае, затоа што никој немаше да биде санкциониран, а тие пари одамна ќе легнеа кај некој од главешините на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, низ овој и многу други примери се гледа дека има правна држава и дека владее законот за сите.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Мојот идентитет не е создаден од Југославија!

„Идентитетот го опфаќа името на државата и мојот јазик; тој е наследство од моите предци, моето културно наследство и богатата македонска историја – како и од оние предци кои со својата крв го платија животот што го живееме денес, вели премиерот

To top