Македонија

Во една општина сигурно ќе се повторат изборите, во друга борба за 33,3 % до 19 часот

Ако нема цензус ќе има повторување на првиот круг

Според излезноста од 17 часот дадена од ДИК во земјава има две општини каде што постои опасност локалните избори да бидат повторени.

За локалните избори да бидат успешни потребно е најмалку една третина од запишаните гласачи да го остварат своето право на избор.

Засега состојбата е најкритична во општина Центар Жупа каде до 17 часот излегле само 19 проценти од гласачите.

За изборите да бидат успешни потребни е за 2 часа да излегле 14,3 проценти што е речиси невозможно.

Другата критична општина е од истиот регион во Западна Македонија а се работи за Ростуше Маврово каде до 17 часот излегле 25,8 проценти од граѓаните.

Во Маврово Ростуше има надеж дека за два часа ќе гласаат уште 8 проценти од граѓаните за општината да добие регуларен градоначалник.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top