Македонија

Во ЕУ бројот на бездетни семејства се зголемува, Македонија над европскиот просек

Во Македонија, речиси 34% од семејствата имаат деца, во ЕУ само едно од 4 семејства има деца

 

 

Традиционалната слика за европското семејство со многу деца брзо се менува. Најновите податоци на Евростат за 2025 година откриваат длабоки демографски промени во Европската Унија: бројот на семејства со деца се намалува, додека бројот на луѓе што живеат сами или како парови без деца драматично се зголемува.

Од вкупно 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, минатата година само 47,4 милиони или скромни 23,4% вклучувале деца.
Најголемиот број од нив се парови со деца (14,7%), по што следат други видови сложени семејства со деца (5,6%) и самохрани родители (3,0%).

Од друга страна, огромното мнозинство, до 76,6%, се семејства без деца. Во оваа категорија доминираат самци (лица кои живеат сосема сами), кои сочинуваат до 37,5% од сите домаќинства во ЕУ.

По нив следат парови без деца со 24,1%.

Трендот во последната деценија (од 2016 до 2025 година) јасно ја покажува насоката што ја следи Европа: Бројот на едночлени домаќинства без деца се зголемил за до 19,2% (од 63,9 на 76,1 милиони);

Бројот на парови без деца се зголемил за 3,3%; Спротивно на тоа, бројот на парови со деца се намалил за 6,3%.

Демографската слика не е иста насекаде во Европа. Највисок процент на семејства со деца е забележан во Словачка (35,4%), Ирска (30,8%) и Кипар (28,2%).

На другиот крај од скалата е Финска, каде што само 18,2% од семејствата имаат деца, а во слична ситуација се Литванија (18,4%) и Германија (19,9%).

Кога станува збор за бројот на деца, половина од европските семејства со деца (50,2%) имаат само едно дете, 37,6% имаат две, а едвај 12,2% одгледуваат три или повеќе деца.

Македонија е сè уште над европскиот просек кај семејствата со деца.

Според податоци Евростат, од вкупно 595,6 илјади семејства во нашата земја, 66,1% (393,4 илјади) се бездетни, додека 33,9 се со деца.

Со овој процент, Македонија е позиционирана многу блиску до Словачка (35,4%) и Ирска (30,8%), кои се на врвот на ЕУ.

Ако ги земат предвид само тие 202,2 илјади семејства со деца и ги погледнеме внатрешните проценти, структурата во нашата земја е следнава:
– Семејства со 1 дете: 43,2% (87,3 илјади)
– Семејства со 2 деца: 43,4% (87,8 илјади)
– Семејства со 3 или повеќе деца: 13,4% (27,1 илјади).

За разлика од ЕУ, каде што половина од семејствата (50,2%) имаат само едно дете, во Македонија доминираат семејствата со две деца (43,4%), а процентот на семејства со три или повеќе деца (13,4%) е исто така повисок од просекот на ЕУ (12,2%).

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top