Македонија

Во Карпош се промовира услугата „итно копче“ за поддршка и заштита на лицата кои живеат сами

Општина Карпош

Во Пензионерскиот клуб Влае, денеска се одржа инфо сесија посветена на промоцијата на услугата „Итно копче“, која обезбедува 24-часовна поддршка и заштита за постари лица кои живеат сами, како и за лица со попреченост кои живеат во домашни услови. Услугата овозможува корисниците да се чувствуваат посигурно во својот дом, бидејќи во секој момент можат да добијат помош доколку се најдат во итна или ризична ситуација и не се во можност самостојно да реагираат.

Со едно притискање на копчето, корисникот веднаш се поврзува со обучено лице, кое обезбедува психосоцијална поддршка, совет или, доколку е потребно, организирање соодветна итна интервенција. Со оваа иницијатива се обезбедува поголема самостојност и сигурност на постарите лица и лицата со попреченост, овозможувајќи им побезбедно да функционираат во сопствениот дом.

Истовремено, услугата придонесува за намалување на чувството на осаменост и на ризикот од несакани здравствени состојби и хоспитализација. Инфо сесијата се реализира во рамки на континуираната соработка меѓу Општина Карпош и Црвен крст Скопје, како дел од проектот Healthy Aging and Home Help Services, со финансиска поддршка од Швајцарскиот Црвен крст, со цел граѓаните да бидат информирани за можностите што ги нуди оваа услуга.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top