Македонија

Денеска Регионалната конференција „Охрид 2026“

Главната конференциска програма предвидено е да ја отвори министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска

Високи претставници на влади, даночни администрации, финансиски институции, приватен сектор и регионални организации од денеска до петпк во Охрид ќе учествуваат на Регионалната конференција „Охрид 2026“, посветена на фискалната отпорност, буџетските приоритети, даночните приходи и борбата против неформалната економија во Западен Балкан. Конференцијата ја организира Балканскиот економски форум (БЕФ), под покровителство на Министерството за финансии, со поддршка на компанијата JTI.

Главната конференциска програма предвидено е да ја отвори министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која ќе се осврне на предизвиците поврзани со зачувувањето на буџетската стабилност, зајакнувањето на јавните приходи и одговорот на економските притисоци со кои се соочуваат земјите од регионот, јави МИА

Во фокусот на првиот панел ќе бидат влијанијата на економските движења во еврозоната врз јавните финансии и приватниот сектор во Западен Балкан. На дискусијата ќе учествуваат актуелни и поранешни министри, високи институционални претставници и претставници на бизнис-заедницата, кои ќе ги споделат своите искуства и гледишта за фискалната отпорност во регионот.

Вториот панел ќе биде посветен на даночните приходи, даночниот јаз и справувањето со неформалната економија, при што претставници на даночни институции од повеќе земји ќе разговараат за начините за подобрување на наплатата на приходите, зголемување на усогласеноста со даночните правила и приближување кон европските стандарди.

Најнови вести од: Македонија

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница за забраната на сонцето од Кутлеш

Градските власти на Мелбурн ја признаа грешката по независна анализа на одлуката со која македонските учесници беа спречени да го носат знамето на фестивалот Мумба. Во март годинава градот Мелбурн им наложил на македонските учесници на овој фестивал да го користат само државното знаме на Македонија.

Студентите се враќаат во „Кузман Јосифовски – Питу“, домот се отвора за еден месец

Владата и студентските претставници разговараат за промена на досегашниот начин на субвенционирање. Предложениот модел предвидува зголемување на месечната поддршка од досегашните 3.500 на 4.500 денари, воведување посебна дигитална услуга преку платформата „М-услуги“, како и дополнителни попусти при купување храна во вклучените угостителски и трговски објекти.

Македонија планира инвестиции од пет до шест милијарди евра во патишта и во железници

На форумот се разговараше и за примената на вештачката интелигенција и современите технологии. Николоски посочи дека со измените на Законот за јавните набавки се предвидува воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за автоматизирано следење на постапките и откривање неправилности и ризици.

Силјановска-Давкова: Ние сме рекордери во промената на Уставот, за три децении 36 пати!

Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор – истакна денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова на отворањето на научната конференција по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија. Конференцијата е во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

To top