Македонија

Во СДСМ уплашени Груевски пак да (не им) избега

„Груевски нема да добие азил во Турција, но преговара за заминување во Русија или Белорусија. Прашање е каква цена ќе плати Македонија за тоа бегство“, велат од СДСМ.

По политичките промени во Унгарија и формирањето нова влада, и најавите дека тројца политичари, меѓу кои и поранешниот македонски премиер Никола Груевски, ќе треба да ја напуштат земјата, опозициската СДСМ предупредува на ризик од негово ново бегство, овојпат кон Русија или Белорусија, пишува во анализа Дојче веле

„Според нашите информации, Груевски нема да добие азил во Турција, но преговара за заминување во Русија или Белорусија. Прашање е каква цена ќе плати Македонија за тоа бегство“, велат од СДСМ.

Партијата оценува дека постои реален ризик Груевски повторно да му побегне на правосудниот систем и правдата, поради институционално одолговлекување и политички калкулации.

Од Министерството за правда информираа дека се испратени дописи до сите надлежни институции за собирање на неопходната документација поврзана со пресудите и судските постапки против Груевски. Обновеното барање за екстрадиција ќе биде испратено откако документацијата целосно ќе се комплетира.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека доколку Никола Груевски се појави во Македонија, правосудните органи ќе постапат согласноправосилната судска пресуда.

Мицкоски: Немам очекувања дека ќе се врати Груевски во Македонија, но ако го стори тоа ќе биде упатен на отслужување затворска казна

„Барањето за екстрадиција беше поднесено уште во 2018 година, но беше одбиено во 2019 година затоа што Груевски доби азил. Постојат јасни процедури кога станува збор за лице со одобрен азил“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека државата има обврска да постапува согласно законите, но дека нема очекувања околу евентуално враќање на Груевски во земјата.

Последното официјално барање за екстрадиција на Никола Груевски било поднесено во 2019 година за сите предмети за кои е распишана меѓународна потерница. Барањето било одбиено од унгарските власти со образложение дека на Груевски му е доделен азил и дека, согласно унгарското законодавство, не може да биде екстрадиран во државата од која побегнал.

Поранешни министри за правда во изминатите години во повеќе наврати најавуваа дека кога ќе се создадат услови, повторно ќе биде побарана екстрадиција.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top