Македонија

Во Велес почна изградбата на подземна катна гаража и нов плоштад

Во Велес почна изградбата на подземна катна гаража и нов плоштад. Премиерот Христијан Мицкоски очекува објектот да биде пуштен во употреба до крајот на првата половина на следната година.

Мицкоски изјави дека за проектот разговарал со градоначалникот Марко Колев уште во периодот кога тој првпат бил кандидат за градоначалник на Велес. „Денеска е завршена голема работа. Подготовката е направена, а кога е добро добро направена, тоа значи 90 отсто завршена работа“, рече Мицкоски.

Според него, доколку изградбата се одвива според предвидениот план, подземната гаража и плоштадот би требало да бидат завршени кон крајот на првата половина на следната година. „Сигурен сум дека, ако се оди според планот, кон крајот на првата половина на следната година ќе можеме да го пуштиме овој објект во употреба.“, изјави премиерот.

Тој најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува инфраструктурните проекти во општините и очекува проектите од првиот и од вториот повик делумно да бидат завршени до крајот на годинава, а останатите на почетокот на следната година. „Преку ЗЕЛС општините имаат насоки да подготвуваат проекти за следната година. Цениме дека овие проекти даваат резултати, а тоа се гледа и преку економската активност на македонските компании“, додаде Мицкоски.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top