Македонија

Во вторник второ пријавување за упис во средните училишта

Слободни над 11 000 места

Учениците кои во првиот јунски рок не се запишаа во средно образование од учебната 2026/2027 ќе може да аплицираат на второто приојавување овој месец – во вторник, 23 јуни. Аплицирањето е електронски по што наредниот ден, 24 јуни, ќе се доставува потребната документација до училиштата.

Според роковите од Конкурсот на МОН, ранг-листа со резултати од запишувањето треба да биде објавена на 25 јуни до 12 часот на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница.

Во согласност со конкурсот предвидено е во училиштата каде што на ранг-листата има поголем број ученици со исти бодови да се организира квалификациско тестирање. За второто пријавување тоа ќе се организира на 29 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени истиот ден на тестирањето, на огласната табла на училиштето и/или на училишната интернет-страница.

Како што претходно информираше Министерството за образование и наука (МОН), за второто јунско пријавување за упис  има слободни места за 11 882 ученици, од кои 7404 се за настава на македонски  јазик, 4002 слободни места за настава на албански јазик, 456 за  турски  и 20 за настава на српски јазик.

Според податоците на МОН, на првото пријавување за упис во средните училишта, спроведено преку електронско аплицирање од 12 до 15 јуни и со доставување на потребната документација на 16 јуни и 17 јуни, пријавени биле 15 075 ученици, од кои се запишале  13 397 ученици.

Од вкупниот број запишани, 9813 ученици се запишани за настава на македонски јазик, 3357 ученици за настава на албански  јазик, 213 за настава на турски и 14 ученици за настава на српски јазик.

Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се 3010 ученици во гимназиско образование за настава на македонски јазик, 1165 ученици во гимназиско образование за настава на албански  јазик, 89 ученици во гимназиско образование за настава на турски и 14 ученици во гимназиско образование за настава на српски јазик.

Во стручно образование за настава на македонски јазик  на првото пријавување во јуни се запишани 6653 ученици, за албански јазик 2133 ученици, за настава на турски јазик 124 ученици

Сто и педесет ученици се запишале во уметничко образование (музичка уметност) за настава на македонски  јазик, 59 ученици во уметничко образование (музичка уметност) за настава на албански  јазик. Ликовна уметност во уметничкото образование  е во процес на селекција.

Квалификациско тестирање на првото пријавување во јуни е потребно во секторот здравство и социјална заштита, за квалификацијата фармацевтски техничар на албански наставен јазик во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје. Учениците утре, 22 јуни, во училиштето ќе полагаат квалификациски испит по биологија и хемија, во согласност со наставната програма по биологија и хемија од осмо и деветто одделение.

Во некои училишта по првото пријавување нема останати слободни места. МОН соопшти дека  конкурсот за запишување ученици во гимназиско образование на македонски наставен јазик е завршен во  гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, во скопските гимназии „Георги Димитров“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Никола Карев“ и во средните училишта „Методи Митевски Брицо“- Делчево,  Наум Наумовски Борче“- Пробиштип и „Методи Митевски Брицо“ – Скопје.

МОН објави информација и за стручни училишта односно сектори/квалификации каде што конкурсот е завршен и нема да примаат апликации на второто пријавување во јуни.

Најнови вести од: Македонија

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top