Македонија

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

„Артан Груби не е било каков поранешен функционер. Тој е црната кутија на ДУИ. Тој знае кој ги влечел конците, кој ги делел зделките и во чии џебови завршувале парите од коцкањето“, обвинија од ВРЕДИ.

Од коалицијата побараа Обвинителството да ја информира јавноста до каде е постапката и што е преземено по наодите на американските власти.

ДУИ ги отфрли обвинувањата и ги оцени како наводен „политички притисок врз правосудството“. Од партијата на Али Ахмети тврдат дека ВРЕДИ „преку ваквите напади се обидува да го прикрие сопствениот политички неуспех“.

Во меѓувреме сè уште нема обвинение против Груби во предметот. Од Обвинителството досега е соопштено дека осомничениот и неговата одбрана се запознаваат со доказите прибавени во текот на истражната постапка.

Груби ја напушти земјата во декември 2024 година, а по повеќе од една година, на 23 февруари 2026 година, се предаде на граничниот премин Блаце. По неговото враќање во земјава му беше определена мерка куќен притвор.

Во истиот предмет осомничен е и поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, кој и натаму е во бегство, како и други лица.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top