Македонија

ВРЕДИ бара одговори од Османи: Зошто нема никаква документација за потрошени над 120 милиони денари од буџетот на МНР

Државниот завод за ревизија во извештајот за работењето на СРЦ „Борис Трајковски“ за изминатиот период, укажа дека нема евиденција што добил спортско-рекреативниот центар од тендерите на Министерството за надворешни работи за негово доуредување за прием на делегациите од Состанокот на ОБСЕ што се одржа во Скопје во 2023. ВРЕДИ (ВЛЕН) два дена бара одговори од […]

Државниот завод за ревизија во извештајот за работењето на СРЦ „Борис Трајковски“ за изминатиот период, укажа дека нема евиденција што добил спортско-рекреативниот центар од тендерите на Министерството за надворешни работи за негово доуредување за прием на делегациите од Состанокот на ОБСЕ што се одржа во Скопје во 2023. ВРЕДИ (ВЛЕН) два дена бара одговори од тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи. Денеска ВРЕДИ го повика Османи да престане да се крие и јавно да одговори:

“Зошто нема никаква документација за потрошени над 120 милиони денари од буџетот на Министерството за надворешни работи?

Зошто нема податоци што е направено за толку огромна сума пари?

Зошто не постои отчет за овие средства, ниту трага од тоа што останало по завршувањето на самитот на ОБСЕ? Овие прашања се за пари на сите граѓани, за пари кои требало да се користат за училишта, подобро здравство, за водоводи и патишта, а завршиле без траг, документ и доказ во непознат правец.

Оттаму додаваат дека Државниот завод за ревизија јасно утврдил дека во време на Бујар Османи, МНР ги потрошило овие пари без да се знае за што, без покритие, без документи и без видлив резултат.

Државниот завод е надлежна институција за вршење на ревизија на трошоците на институциите и функционерите. ДЗР изготвува извештаи за трошоците на сите институции и е единствено надлежна за тоа.

По закон, ваквите извештаи се доставуваат до сите надлежни институции, вклучително и до Јавното обвинителство, а по потреба и до Финансиската полиција. Очекуваме тие институции заради кредибилитет, веднаш да постапат и да утврдат одговорност” – коментираат од коалицијата.

Во однос на кандидатурата на Oсмани за градоначалник на Чаир, тие велат:

“Бујар Османи во својот живот не направил ништо за Општина Чаир, ниту еден проект, ниту едно подобрување за граѓаните, ниту кренал телефон за да помогне. Но, очигледно знаел многу да направи само за себе, користејќи го буџетот на државата за сомнителни трошоци без трага, документ и доказ. Само во овој случај во вредност од над 120 милиони денари.

Чаир не заслужува политичар кој бега од одговори и кој зад себе остава само сомнежи и скандали. Чаир заслужува чесно и одговорно раководство.”

Најнови вести од: Македонија

На истакнатиот научник Светлана Мојсов денес во Охрид ќе ѝ биде врачена Светската награда на хуманизмот за 2025

Денес напладне, во Куќата на Уранија на МАНУ, на свечена церемонија, на Светлана Мојсов, професор на Универзитетот Рокфелер во САД, ќерка на македонскиот дипломат Лазар Мојсов и хемичар, ќе и биде врачена Светската награда на хуманизмот за 2025 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св.Климент на сите светски меридијани. Таа […]

To top