Македонија

Вреди: Блиските на Артан тргнаа против бандата во ДУИ и „вечниот“ Ахмети, кој пак ја игра старата двојна игра!

Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна игра. Од една страна, демек го спасува Артан од притвор, а од друга страна преку Артан му ја мести ногата на Бујар, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ.

Натаму партијата Вреди истакнува: Веќе подолго време се шушка дека Бујар Османи зад затворени врати порачува оти Али треба да се повлече за ДУИ повторно да стане конкурентна опозиција. А Бујар, се разбира, чека во низок старт за да јуриша кон фотелјата во Мала Речица. Затоа воопшто не е случајно што Ахмети повторно ја пушти старата финта со повлекувањето. Демек, тој сака да си оди, ама луѓето околу него не го пуштаат.

Интригантот Ахмети се обидува да го засили судирот меѓу Артан и Бујар, вешто посочувајќи го Османи како виновник за односот на ДУИ кон обвинението за „Државна лотарија“.

Едноставно, во ДУИ врие. Артан преку своите лојални поддржувачи веќе испраќа јавни пораки. Очигледно му станува јасно дека „неговите“ го оставиле на цедило. Довчера му велеа „шеф“, „брат“ и „кинг“, а денес сите кренаа рачна и се прават дека не го познаваат.

Сега топката е кај Артан. Од тоа што тој, како „црната кутија“ на ДУИ, ќе го каже пред правосудните органи, може да зависи судбината на целото нереформирано раководство на партијата. Затоа во Мала Речица не се спие мирно. Едни се плашат што знае Артан, други што може да каже, а трети веќе пресметуваат кого ќе повлече со себе.

ДУИ одамна не функционира само како политбиро, туку како политичка банда чиј главен интерес се тендерите и спасувањето на сопствената кожа. Правата на Албанците се само „совршено алиби“ за ова нереформирано раководство на ДУИ, чија единствена цел е да го заштити богатството стекнато со корупција и апашлак, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top