Македонија

ВРЕДИ: ДУИ е во паника

Бараат гласови во 100% македонски села, бидејќи таму каде што има Албанци, вратата повеќе не им се отвора

ДУИ се обидува да ги претвори локалните избори во „референдум“, бидејќи нема што повеќе да покаже,велат од коалицијата ВРЕДИ.

„Но, албанскиот народ добро го знае ова сценарио: го гледаат истиот филм 23 години по ред, со истите актери кои зборуваат за идеалот, но дејствуваат за интересот, кои се колнат за нацијата, но го ограбуваат нејзиното богатство,

„Тие (ДУИ) зборуваат за „Охридскиот договор“, но го презреа и го оставија неспроведен. Обвинуваат за „српскиот свет“, но самите изградија мостови и банки со Белград. Повикуваат на „референдум“, но бараат гласови во 100% македонски села, бидејќи таму каде што има Албанци, вратата повеќе не им се отвора.

Ова повеќе не е политика, туку паника.

Паника на оние кои го чувствуваат крајот, но не знаат како да се извинат. Паника на оние кои со децении го хранеа народот со илузии, а денес немаат зборови да им ги допрат срцата.

Но, Албанците се разбудија. Никој повеќе не ги дели со страв и измама. Тие повеќе не сакаат лажни „референдуми“, тие сакаат вода, тие сакаат патишта, „Тие сакаат работа, тие сакаат достоинство“, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top