Македонија

Петров: Со кое морално право Габер предлага референдум за Бугари во Уставот?

Претседателот на СМК ја оспорува претставката до пратениците од поранешниот амбасадор и дипломат

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, јавно го прозва поранешниот амбасадор и дипломат Виктор Габер за предлогот за организирање референдум за уставни измени, со кој би се впишале и Бугари во македонскиот Устав, услов од официјална Софија за откочување на македонската евроинтеграција.

Некои медиуми јавија дека Виктор Габер, поранешен амбасадор и дипломат на Македонија, на 20 мај 2026 година поднел “претставка“ до Собранието со која бара пратениците да покренат постапка за одржување референдум околу членството на државата во Европската унија. Имено, несмасно скроеното референдумско прашање да гласи:

“Дали сте согласни Република Северна Македонија да ги продолжи преговорите за влез во Европската унија со измена во амандманот XXXVI на Уставот на вашата држава и по зборовите … ‘бошњачкиот народ’, да се додадат зборовите ‘на хрватскиот народ, на бугарскиот народ, на еврејскиот народ …’?“
Конечно се одважи храбар човек да го реши македонскиот гордиев јазол – да ги решиме барањата на Софија, конечно Македонија од држава да стане територија без македонски народ и историја, чиј администратор, покрај Атина, ќе биде и Софија!
Два дена подоцна, на прес-конференцијата одржана на 27 мај 2026 година, со исто барање до премиерот – за референдум за членство на Македонија во Европската Унија, се огласи и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Инаку, Венко Филипче неколкупати дневно се огласува преку медиумите со барање за уставни измени со впишување на Бугарите во Уставот на државата Македонија. За референдумското прашање, демек, може да се разговара и договори.
Кој е Виктор Габер? Википедија вели: Виктор Габер е роден во Скопје, на 8 декември 1948, македонски дипломат од кариера, филателист и публицист. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал во 1973, а магистрирал во 1979 година на Правниот факултет во Скопје. Работел како втор (1980-1981) и прв секретар во Амбасадата на СФРЈ во Атина (1981-1984); прв советник за политички прашања во Амбасадата на СФРЈ во Тирана (1989-1993); потсекретар во МНР на Македонија (1993-1996); шеф на дипломатската мисија на Македонија во Италија, од каде ја покрива и АРЕ и шеф на постојаната мисија на Македонија во ФАО, ИФАД и Светската програма за храна (1996-2000); вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Австралија (2004-2008); претседател на Дипломатскикот клуб – Скопје од 2009 година и секретар на Сојузот на филателистите на Македонија од 2019 година. Има интересна библиографија: “Односот на Грција кон македонското национално малцинство по Првата светска војна“, 1985; “За Македонската дипломатија“, 2002; “Премрежјата на македонскиот интелектуалец“, 2003; “Колатерална штета“, 2006; “Recognition and Denial“, 2008; “Името Македонија – историја, право, политика, 2010; “Крстопатите на Венко Марковски“, 2012; “Дипломатија и политика“, 2013; “Скопје на поштенски марки – историја и мотиви, на македонски и англиски во соавторство со Климе Поповски“, 2018; “Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“, 2022 година.
Виктор Габер беше или се’ уште е, јавноста ништо не дозна и не знае, медиумите за тоа најмалку или воопшто не информираа, власта пак ич – сокоординатор на македонскиот дел од македонско-грчкиот “Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања“ формиран на 8 јуни 2019 година а врз основа на членот 8 точка 5 од Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година. Претставници на грчката влада во овој комитет беа или се’ уште се Маркос Боларис, Спиридон Сфетас, Николаос Заикос, Иаковос Михаилидис, Атина Скуларики, Атанасиос Лубас и Ефтимиос Харлавтис, а претставници на македонската влада Виктор Габер, Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска-Станишковска, Фахри Рамадани и Кица Колбе.
Иако јавноста се занимаваше со речиси секој состанок и протокол на македонско-бугарската “Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“ формирана на 15 јуни 2018 година а врз основа на членот 8 став 2 од Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, за работата и резултатите од работата на овој Македонско-грчки комитет речиси не дозна ништо. Впрочем, се претпоставува, затоа што со Спогодбата Димитров-Коѕиас, ексклузивното право врз културата и историјата на Македонија, шарлатанот Зоран Заев им го предаде, речиси продаде на Грција. Членовите на овој Македонско-грчки комитет имаа за задача да извршат ревизија на учебниците и наставните програми наводно “без иредентизам и ревизионизам на грчката историја за Македонија“, со историски резултати за Атина која си ја “враќа античката грчка Македонија“ и според кои “античката историја на Македонија е дел од елинската грчка цивилизација“. Историјата на Македонија и на Македонците од дедо Ное, ја сведоа на грчката историја за Македонија од 1832 година, тогаш се формира Грција, пред тоа не постоеше…
Да се вратиме на поентата: амбасадорот Виктор Габер побара од пратениците во Собранието на Македонија да распишат референдум за Европската Унија. Притоа, тој се повикува на “Декларацијата за развој на односите на Македонија со Европската унија“ од 1998 година и сите последователни документи за пристапување на Македонија во ЕУ. Виктор Габер на пратениците им сугерира: Ако веќе сте се декларирале за ЕУ, направете нешто и да се оствари членството на Македонија во Европската Унија! Виктор Габер дури и ги опоменува на пратеници на изборните ветувања пред гласачите, “кои произлегуваат и од вашите предизборни програми“, под полна морална, материјална и кривична одговорност!
Виктор Габер ги потсетува на пратениците на кривична одговорност, ама не одговара дали е свесен за неговата кривична одговорност и со кој мандат влезе во авантура да ја менува македонската историја според барањата на владата во Атина?
Виктор Габер во претставката до Собранието вели: “Оваа држава има континуитет заснован на Референдумот од 8 септември 1991 година и Уставот од 17 ноември 1991 година. Во сите тие документи се определува нашата стратешка определба за членство во Европската унија. Тие имаат јасна правна и политичка траекторија, заснована на базичните уставни одредби, усвоени во Собранието, во нашата највисока демократски избрана институција која одлучува за мојот развој и безбедност, но и за моето семејство и за нашиот народ, за секој наш граѓанин … Доколку на референдумот мнозинството граѓани го заокружат одговорот ‘ЗА’, вие пратениците во Собранието извршете ја волјата на граѓаните… Ако мнозинството граѓани го заокружат одговорот ‘ПРОТИВ’, Вие, во нивно име, поништете ги сите досегашни од вас усвоени документи за нашата стратешка ориентација – членството во Европската унија – и усвојте нова стратешка ориентација на државата!“
Е, арно ама, иако во Уставот на државата Македонија никаде не се зборува за ЕУ и НАТО, Виктор Габер треба да го потсетиме и на членовите 1 и 2 од Уставот на кој се повикува: Македонија е суверена и самостојна држава, чиј суверенитет е неделив, неотуѓив и непренослив, произлегува од граѓаните и ним им припаѓа, а тие власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници и по пат на референдум!
На референдумот одржан на 8 септември 1991 година, речиси четири петини од вкупниот број запишаните избирачи, Македонци по род и државјанство, ГЛАСАА ЗА “суверена и самостојна држава Македонија“, без додавки и без придавки, одлуката донесена на референдумот е задолжителна за сите!
На референдумот, пак, одржан на 30 септември 2018 година, речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство“ НЕ ГЛАСАА “за членство во ЕУ и НАТО“ и не ја прифатија Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ!
После се’ и покрај се’, прашањето: Со која морална, материјална и кривична одговорност амбасадорот Виктор Габер прифати сокоординатор на македонскиот дел од македонско-грчкиот Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања за ревизија на македонската историја? И со која морална, материјална и кривична одговорност амбасадорот Виктор Габер денес предлага референдум за впишување на Бугарите во преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот на државата Македонија?
Македонија се наоѓа во секоја античка карта, но во ниту една античка карта не се наоѓа Грција, бидејќи таа е создадена во 1832 година со првиот германски крал Ото од Баварија. До 1832 година во Грција има се’ само Грци не’, иако по Устав сите се’! Така е и денес. Како потсетување: На 31 октомври 1912 година, грчкиот крал Георгиос Први од данско потекло, кој владеел со Грција од 1863 година, издава декрет до грчкиот премиер Елефтериос Венизелос, да воспостави времена управа врз окупираните територии во Македонија после Првата Балканска војна 1912 година. Оттогаш започнува грчкиот геноцид врз Македонскиот народ во окупираниот Егејски дел од Македонија…
До Балканските војни 1912-1913 година Македонија никогаш во историјата не била грчка! Грција била под Олимп! На овие прашања дајте одговор амбасадоре Габер, и секако, која историја ја прифативте да се учи во школите и факултетите во Македонија, не туку предлагајте референдумско прашање за Бугари во Уставот!
Патем, во Македонија покрај “македонскиот народ и деловите на албанскиот, турскиот, влашкиот, српскиот, ромскиот, бошњачкиот народ и другите“, не живеат и делови само на “хрватскиот, бугарскиот и еврејскиот народ“. Во Македонија има и Руска заедница и Украинска заедница, зарем тие се помалку важни од останатите, или Русија и Украина се во војна, па Русите и Украинците не и’ се важни на Македонија?
СДСМ не ја испочитува волјата на народот и граѓаните од двата референдума одржани на 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година, за референдумот од 7 ноември 2004 година СДСМ водеше кампања “Некои прашања не заслужуваат одговор“! Зарем промената на Македонскиот устав по барање на Софија заслужува одговор? Одговорноста е неизбежна, се претпоставува!“, објави Петров на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Во клиниката за инфективни болести во Скопје двајца пациенти со западнонилска треска се во критична состојба, за тројца се чекаат резултати

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска, се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денов се чекаат лабораториските резултати од Институтот за јавно здравје.

Митева: На 16 август во Струмица ќе настапат најголемите и највлијателни уметници во електронската музика Пол ван Дајк и Пол Оукенфолд!

Двајца од најголемите и највлијателни уметници во електронската музика Пол ван Дајк и Пол Оукенфолд ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“. Оваа манифестација започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје.

Турската кинематографија во фокусот на Beach Film Festival Ohrid

Учеството на Република Туркије како земја во фокус на деветтото издание на Beach Film Festival Ohrid уште еднаш ја потврди важноста на филмот како мост за културна соработка, меѓународно поврзување и промоција на културното и туристичкото богатство на Туркије.

За завршување и целосно опремување на новата Клиничка болница во Штип – 109 милиони евра

Завршувањето и целосното опремување на новата Клиничка болница во Штип, инвестиција проценета на околу 109 милиони евра, беше тема на денешната средба меѓу министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, градоначалникот на Штип Иван Јорданов, раководството на Клиничката болница и претставници на Светската банка.

Меморандум за соработка меѓу „Македонски Шуми” и КПУ „Затвор” – Струмица: Осуденици ќе бидат ангажирани во шумарски активности

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Казнено-поправната установа „Затвор“ – Струмица потпишаа меморандум за меѓусебна соработка, со кој ќе се зајакне координацијата меѓу двете институции преку ангажман на осудени лица во општокорисна работа. Претходно, од 16 до 22 јули осуденици од КПД „Идризово“, КПД Штип, КПД Прилеп, како и од КПУ Скопје, Куманово, Битола, Гевгелија, Струмица и Струга, учествуваа во седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ Македонија.

Мицкоски до Филипче: Кога бевте министер за здравство ви гореа луѓе во модуларни болници, а во Гостивар пиеја вода, опасна за здравјето, но не презедовте ништо!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на собраниската седница, посветена на пратенички прашања, во одговор до лидерот на СДСМ Венко Филипче истакна дека во време кога тој бил министер за здравство имало извештаи за бактериолошки неисправна вода во неколку градови во 2019, но тој, како што рече, тогаш не презел ништо. Премиерот нагласи дека Обвинителството треба да се позанимава со овие случаи. 

To top