Македонија

ВРЕДИ: ДУИ и НАИ очигледно не ја сфатија казната

Со освоени 10 општини, ВРЕДИ ја затвори вратата за измамите, пи-ар триковите и пропагандата што ги одржуваше во живот со години луѓето околу Али Ахмети

Но, наместо да размислуваат, сега се обидуваат да го продадат неуспехот како „реформа“, велат од ВРЕДИ.

„Се обидоа да ги протолкуваат локалните избори како парламентарни. Не помина. Сега, истите луѓе што се удавија себеси лажејќи со „референдумот“, повторно се појавуваат како „преродени“. Блерим Беџети се прогласува „реформа“, додека Бујар Османи зборува за „рекалибрирање“ како да заборавиле Албанците кои се тие што ја претворија државата во сопственост на една клика. Ова не е реформа, тоа е политички состав на мртва партија.

ДУИ/НАИ се поглавјето што Албанците го затворија со гласање. Тие можат да ги променат своите зборови, но не и својата судбина. Народот им го одзеде политичкиот кислород и ниту „рекалибрирањето“ ниту „анализата“ не можат да ги вратат во живот. Нивната ера е завршена. ВЛЕН е иднината што Албанците веќе ја избраа.“, стои во соопштението на ВРЕДИ.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top