Македонија

ВРЕДИ ги поддржува студентите да полагаат правосуден испит на албански јазик

Беким Ќоку, шеф на пратеничката група на ВРЕДИ, изјави дека поддржува изнаоѓање фер и стабилно решение

 

Пратеничката група на ВРЕДИ имаше средба во Собранието со студенти -Албанци кои бараат одржување на испитот правосуденство на албански јазик.

Разговорите се фокусираа на важноста од остварување на ова право и потребата од целосна имплементација на Уставот и законите кои се во сила.

Правосуден испит може да се полага само на македонски јазик

Беким Ќоку, шеф на пратеничката група на ВРЕДИ, изјави дека партијата што ја застапува несомнено е на страната на студентите и поддржува изнаоѓање фер и стабилно решение, согласно уставните права.

Тој додаде дека ВРЕДИ останува посветена преку дијалог и институционална посветеност на решавање на прашања кои влијаат на интересот на студентите и почитување на принципите на еднаквост и правда.

Сепак, Ќоку нагласи дека ВРЕДИ, кој во јуни завршува половина од мандатот во владата, не може со еден потег на моливот да ги реши проблемите натрупани во текот на 22 години власт. Партијата до сега постапуваше прагматично за решавање на проблемите и не се занимаваше со празни ветувања или со популизам.

Тој го критикуваше и недостатокот на посветеност на албанските министри за правда во изминатите години, истакнувајќи дека доколку сериозно се третираа прашањата од интерес за Албанците, денес немаше да има такви проблеми.

Најнови вести од: Македонија

Јовановски: На негирањата на македонската историја ќе одговориме со научна храброст и смиреност

„Од национални приказни до испреплетени истории“ е насловот на дводневната меѓународна конференција што ја организира Институтот за историја при Филозофскиот факултет на УКИМ по повод 80 години од неговото основање. Програмата опфаќа неколку пленарни и тематски сесии посветени на историските процеси, националните наративи, културните и дипломатските односи, како и на современите пристапи во историските истражувања. Учесниците ќе се претстават со реферати за историјата на Македонија од средновековниот период до современата државност, за односите на Балканот, османлискиот период, светските војни и меѓународните историски влијанија.

Светско признание за министерот Тошковски за „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Наградата претставува меѓународно признание за проектот насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи технологии, автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци и дигитализација на постапките

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

To top