Македонија

„Вреди“: Граѓаните нема да му поверуваат на Османи и неговите лажни приказни

Коалицијата „Вреди“ обвини дека Бујар Османи и ДУИ стравуваат од пораз во Чаир и дека, како што наведуваат, граѓаните нема да поверуваат во нивните „лажни приказни“. „Османи е свесен дека неговата политичка кариера без конкретни резултати и проекти овој пат ќе заврши. Тој не е кандидат кој работел за Чаир, ниту пак помогнал на жителите […]

Коалицијата „Вреди“ обвини дека Бујар Османи и ДУИ стравуваат од пораз во Чаир и дека, како што наведуваат, граѓаните нема да поверуваат во нивните „лажни приказни“.

„Османи е свесен дека неговата политичка кариера без конкретни резултати и проекти овој пат ќе заврши. Тој не е кандидат кој работел за Чаир, ниту пак помогнал на жителите на општината во изминатите 20 години. Секогаш бил присутен само кога имал личен политички интерес,“ стои во соопштението.

Во него се додава дека Османи не придонел ниту за други албански општини. „Фактите се јасни: беше осомничен во предметот ‘Пациент’ и доби амнестија за незаконски набавки. Треба да одговори кому му должи за таа амнестија. Како министер за здравство има повеќе негативни извештаи од Државниот завод за ревизија за незаконско трошење милионски суми. Како министер за надворешни работи потроши 120 милиони денари за Самитот на ОБСЕ без соодветна документација, а заедно со Артан Груби го поддржа влезот на МТЕЛ и на српските казина во земјава,“ наведува „Вреди“.

Во соопштението се истакнува дека Чаир не заслужува кандидат кој две децении живее од политички функции, без работа за граѓаните. „На 19 октомври Чаир ќе избере човек кој ги познава проблемите и ги решава, а не политичар кој се појавува само за да си ја пополни биографијата. Османи нека објасни зошто, иако целата своја кариера бил министер, не обезбеди ниту еден проект за албанските општини и не придонесе за изградба на улици, булевари, градинки или училишта во Чаир и западниот дел на државата,“ се вели во реакцијата.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top