Македонија

ВРЕДИ: Немаме намера да учествуваме во „валкани игри“

Ја обвини албанската опозиција дека користи јазик што создава раздор во Брвеница, нагласувајќи дека немаат намера да станат дел од сомнителните политички задкулисни договори на ДУИ

 

„Жителите на Брвеница се изјаснија на 18 октомври, а ние ја почитуваме таа одлука. Веднаш по завршувањето на гласањето, нашиот кандидат Јакуп Хусеини – заедно со неговиот локален изборен тим – му честиташе на Аркин Јахији за победата и му понуди поддршка за вториот круг.

Сега, одговорноста е кај Аркин Јахији и неговата коалиција да ги мобилизираат гласачите за вториот круг од локалните избори.

Еден од идеолозите на СДСМ бара партијата да гласа за ДУИ во Брвеница

Сепак, сметаме дека реториката што ја користи опозицијата во моментов не придонесува кон единство. Нивниот запалив јазик и јазикот на раздор – проследен со напади врз нашиот кандидат, и покрај неговиот конструктивен пристап – имаат сосема спротивен ефект.

Таравари: Сите албански партии да застанат зад кандидатот Албанец

Немаме намера да учествуваме во „валкани игри“ на штета на жителите на Брвеница. Во изборната ноќ, нашите гласачи покажаа јасна определба за единство и за албанскиот кандидат.

Секој обид Брвеница да се вклучи во политички пазарења – како што тоа го правеше ДУИ во минатото – би претставувал предавство и кон сопствените гласачи, и кон секој еден граѓанин на Брвеница“, наведуваат од коалицијата ВРЕДИ

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“

Уште во првата година, ветувањата за Бутел ги претвораме во конкретни проекти на терен. Со работа, со посветеност и со одговорност кон секој даден збор. И тука не запираме

To top