Македонија

Вреди: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ и сопственост на Ахмети, ниту семејно наследство на неговата клика!

Пред дваесет и пет години, Охридскиот договор ја промени политичката и правната архитектура на државата. Но историјата нè учи дека договорите, колку и да се праведни на хартија, можат да бидат изопачени во пракса. Можат да бидат релативизирани и обезвреднети кога недостигаат политичка култура и морал, истакна на денешната прес конференција Дритон Сулејмани од политичката партија ВРЕДИ.

На оваа прес конференција беа изнесени и следните други ставови на Вреди: -Токму тука лежи најголемиот тест низ кој помина Охридскиот договор. Не во потписите што стојат под него, туку во начинот на кој тој неправедно беше присвоен од една единствена партија и претворен во политички капитал. Во името на овој договор и на жртвата што стои зад него, се појавија луѓе опседнати со фотелји и моќ, луѓе вкочанети од власта. Во негово име се појавија милионери, се издигнаа семејни бизниси и се изгради систем што им служеше на мал број луѓе.

Охридскиот договор не е тапија на ДУИ. Не е сопственост на Али Ахмети, ниту семејно наследство на неговата клика. Тој е историско достигнување на Албанците. ДУИ повеќе од две децении имаше власт до гуша. Имаше министри, заменици-министри, пратеници, директори и функционери во секој сегмент од државата. Да сакаа, денес правичната и соодветната застапеност ќе беше гарантирана со закон. Децентрализацијата ќе беше завршена работа.

Но не го направија ниту едното, ниту другото. Правата на Албанците не одат во опозиција заедно со ДУИ. Ниту Охридскиот договор Али Ахмети може да го понесе со себе во опозиција. Оваа приказна повеќе не поминува. Вреди не го споменува Охридскиот договор само кога доаѓа годишнината. За нас, тој е обврска за конкретна работа. Тоа значи правичната и соодветната застапеност да се заштити со закон. Усвојувањето на овој закон не е само спроведување, туку и унапредување на Охридскиот договор.

Тоа значи вистинска децентрализација, со повеќе надлежности и финансиски средства за општините, што го правиме како никогаш досега, со над 1.200 проекти. Дваесет и пет години подоцна, време е да му го вратиме достоинството на Охридскиот договор. Не само како правен документ и договор што стави крај на конфликтот, туку како историско достигнување на Албанците, втемелено во уставниот поредок и како трајна заложба за еднаквост, рече Сулејмани, портпаролот на Вреди.

Најнови вести од: Македонија

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

To top