Македонија

ВРЕДИ: Селотејп коалицијата Таравари, Села и Ахмети е во паника

Тие знаат дека Албанците им го вртат грбот, па затоа го избраа единствениот пат што го знаат, измама, соопшти ВРЕДИ

 

„Секој пат кога Албанците ќе помислат дека Али Ахмети научил од лекцијата што им ја даде САД ставајќи ја неговата сенка, Артан Груби, на црните листи за корупција и за крадење, тој повторно смислува „нова идеја“  и бара „скенер за политичари“, додека неговиот „скенер“ е самиот Артан, кој е нон грата!“, соопштија од ВРЕДИ според кои селотејп коалицијата Ахмети, Села и Таравари се политичари кои се толку истрошени, исцрпени и безнадежни што дури и луѓето најблиски до нив ги гледаат како товар.

Но, ако направиме „скенер на моралот“ на оваа селотејп-коалиција, резултатите се шокантни. велат од ВРЕДИ

„Таравари за Али: „ментално болен“, „подобро со ѓаволот отколку со ДУИ“.

Зијадин Села за Али: „криминалец“, „на 27 април се обиде да ме убие“.

Али Ахмети за нив: „Ништожници“.

Ова е „заветот“ што сакаат да им го продадат на Албанците, сојуз од навреди, омраза и лични интереси. Коалиција што се држи заедно не по принципи, туку со селотејп. И ако беа „скенирани“ за крадци, Али Ахмети и неговото семејство би влегле во Гинисовата книга на рекорди како рекордери за грабеж и богатење на грбот на Албанците“, соопшти Вреди.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината

Законот за високо образование нема да се повлече, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања од опозицијата рече дека нема намера да ги повлече предложените измени во Законот за високо образование, наспроти поплаките од универзитетите и барањата од опозицијата тоа да го стори.

Тошковски за донацијата од САД за бомбашкиот оддел на МВР: стратегиското партнерство ја јакне безбедноста на Македонија!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема, обезбедена во соработка со американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал.

Вчера уапсени шестмина, возеле без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол!

Во текот на вчерашниот ден, полицијата на целата територија на Македонија лиши од слобода шест возачи, од кои четири за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија и еден под дејство на алкохол.

To top